Маричиќ: Не знам за формален обид на Заев за уривање на Ковачевски

January 9, 2023
2 mins read

Вицепремиерот за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, смета дека делење на власта со ВМРО-ДПМНЕ, без ДУИ, по брзи избори кои би се случиле напролет, е нефункционална и непрактична идеја. Тој негира дека има пратеници на СДСМ што не го поддржуваат Ковачевски и би гласале за распуштање на парламентот

Во СДСМ немало формален состанок во присуство на Зоран Заев на кој се дискутирало за уривање на Димитар Ковачевски и широка влада со ВМРО-ДПМНЕ без ДУИ, вели вицепремиерот за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, по написот на порталот „Плус инфо“ дека „Заев подмолно се обидува да го урне Ковачевски“.

Маричиќ вели дека дел од овие тези, преку социјалните мрежи, ги демантирал и Заев лично.

„Секогаш имало различни дискусии, за различни идеи, меѓутоа, формално, ниту раководството, ниту Извршниот одбор, ниту Централниот одбор дискутирале за ваква идеја. Неформално, дали имало средба на којашто се дискутирале некои од овие прашања, јас не можам да тврдам, бидејќи не сум присуствувал на таа средба“,

вели Маричиќ.

За вицепремиерот, нема видлив обид на Заев за уривање на Ковачевски, а за сите различни внатрепартиски мислења, како што вели, се наоѓало начин како да се менаџира единството.

„Мислам дека претседателот Ковачевски ја има целосната поддршка на целото раководство на партијата. Има јасен план што го претстави уште при изборот за претседател и премиер, за одржување на мнозинството и владиниот мандат до крајот, до средината на 2024 година и избори во редовен термин. Во меѓувреме, има многу обврски поврзани и со имплементација на договореното со Европската Унија, францускиот предлог и со реформите и менаџирање на кризата. Нашиот фокус е на тоа и во моментот нема поинаква одлука ниту, пак, има изгледи за таква одлука“,

кажа Маричиќ.

Бојан Маричиќ – вицепремиер за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ

Прашан – колку тензично било во СДСМ пред и по владината седница на 14 декември и именувањето на Зарко Милошевски за директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во контекст на наводите дека кулминација на незадоволството на Заев кон Ковачевски се случила токму при назначување на Милошевски за прв човек на АНБ, зашто поранешниот лидер имал друг фаворит(и), Маричиќ рече дека и пред и за време на владината седница се дискутирало во многу трезвена атмосфера и со аргументи за сите кандидати.

„Тој процес траеше доволно долго за премиерот да направи консултација со сите надлежни институции и со сите надлежни политички фактори и со нашите меѓународни партнери, со оглед на тоа дека сме членка на НАТО и функционираме во поширок безбедносен контекст и систем“,

одговори Маричиќ потенцирајќи дека САД и ЕУ ја поздравиле едногласната одлука за избор на Милошевски.

Во однос на идејата за делење на власта со ВМРО-ДПМНЕ, без ДУИ, по брзи избори кои би се случиле напролет, и тоа во период од осум години, како и за изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека има пратеници од власта што би гласале за распуштање на Собранието за изборите да се одржат на 14 или 21 мај, Марчиќ коментираше:

„Мицкоски не е првпат да промовира идеја за рушење на Владата, знаете дека тоа е една мантра којашто се случува секоја година… Не можам да тврдам (дали е охрабрен во Заев, н.з.), не сум слушнал ниту од Заев директно ниту пак од мојата партија дека има такви идеи. Мислам дека тоа е нефункционална и непрактична идеја (влада на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, без ДУИ, н.з.), којашто не е втемелена ниту на вредности, ниту, пак, е изводлива во пракса“.

Тој негира дека има пратеници на СДСМ што не го поддржуваат Ковачевски и би гласале за распуштање на парламентот.

„Плус инфо“ објави дека Заев се обидува да го урне Ковачевски и дека екс-партискиот лидер на состанок на СДСМ претставил план за итни предвремени избори по кои со ВМРО-ДПМНЕ би ја делеле власта, без учество на ДУИ и тоа во два мандата, а премиерот би бил од партијата со повеќе пратеници.

Планот наводно предвидувал и политичка елиминација на претседателот Стево Пендаровски. Заев на Фејсбук демантираше дека има амбиција да се кандидира за шеф на државата и дека работи на подривање на единството во СДСМ.

*Повеќе вести од гостувањето на Маричиќ во „360 степени“:

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Награда за „Најдобар краток филм” во интернационална конкуренција за „Северен пол” на фестивал во Индија

Следно

Каде е Болсонаро: Сопругата тврди дека е во болница во Флорида

Latest from Blog

Паоло Ваноли е нов тренер на Фиорентина

По отказот на Стефано Пиони, Фирентина, која што во моментов е во многу лоша играчка и резултатска ситуација, за нов тренер се одлучи да го ангажира, Паоло Ваноли, некогашниот играч на „Виолетовите“.

Границите во Словенија ќе ги чува војската

Припадниците на словенечката армија од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, кој го дозволува

НАСА: Кометата „3-И / АТЛАС“ забрза и го врти курсот назад во правец на Земјата

Податоците од НАСА покажуваат дека меѓуѕвезденото тело „3-И / АТЛАС“ забрза и малку има отстапено од својата патека откако стигнал до најблиската точка до Сонцето. Во меѓувреме, НАСА има фотографија од вселенското

ЃОРЃИЕВСКИ ЌЕ ДЕЛУВА КАКО ДА Е ДИРЕКТОР НА СЕКОЕ ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ Стои зад иницијативата да има отповик на градоначалник

Новиот градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски најави дека ќе делува како тој да е директор на секое јавно претпријатие и дека негова ќе биде одговорноста во врска со работењето на претпријатијата. –

Jala Brat и Buba Corelli на барање на македонската публика закажаа втор концерт во СЦ „Јане Сандански“!

По рекордно распродадениот прв концерт од најавената GOAT TOUR, Jala Brat и Buba Corelli на 28 ноември на барање на македонската публика закажуваат втор концерт во СЦ „Јане Сандански“!  Енергија, хитови и
Go toTop