Алејна Олмез по 248 часа беше спасена од урнатините: „Се борев, не сакав да се откажам“

February 23, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Седумнаесетгодишната Алејна Олмез беше спасена од урнатините 248 часа по разорните земјотреси што ги погодија јужна Туркије и Сирија, јавува Анадолу.

Таа беше спасена од под урнатините во населбата Кајабаси во Кахраманмараш.

Олмез моментално се наоѓа на лекување во болница во Анкара, а вчера беше посетена од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговата сопруга Емине.

Таа е среќна поради посетата на претседателот и првата дама на Туркије.

„Нашиот претседател дојде во посета, се чувствував добро, се чувствувам горда. Убаво е чувството да се има толкава поддршка“, рече Олмез.

Како што изјави таа, поминала низ тежок период.

„Се борев, не сакав да се откажам. Сите ми даваа голема поддршка и ми помагаа. Ви благодарам многу за сѐ“, нагласи Алејна.

Нејзината тетка Ѓулер Думан рече дека е среќна што Алејна била спасена од под урнатините.

„Не очекувавме дека тоа ќе се случи, но кога Алејна излезе, тоа беше чудо за нас. Доживеавме и радост и тага во исто време“, истакна Думан, која им се заблагодари на сите, особено на лекарите кои се грижеа за Алејна.

Откако Алејна беше извлечена од урнатините, д-р Џенгиз Дилбер рече дека е неверојатно што таа е во толку добра здравствена состојба со оглед на тоа што била под урнатините 248 часа.

„Бевме изненадени што нејзините телесни функции се добри и што функцијата на бубрезите не ѝ беше влошена. Тоа е неверојатна работа. Нејзиното здравје е многу добро. Се разбира, има и трауми“, изјави тогаш Дилбер.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Советник на Клинтон извршил едно од најкомплицираните самоубиства

Следно

Путин: „Русија ќе се фокусира на зајакнување на нуклеарната тријада“

Latest from Blog

Проданоски: Првиот хард ендуро полигон во државата носи нови можности за Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, порача дека „Топташ Родео 2026“ повторно покажало дека Прилеп сигурно се позиционира како препознатлива дестинација за хард ендуро и големи спортски настани. Според него, Топташ и

Коњановски: Континуираното образование е темел на квалитетна ветеринарна услуга

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на четвртиот семинар од областа на ветеринарната медицина со меѓународно учество, кој се одржа на Ветеринарниот факултет Битола при Универзитет „Св. Климент Охридски“– Битола, во

Македонката убиена во Пјаченца претходно контактирала адвокатка за семејно насилство: „Жртвата ми пишуваше и ги бришеше пораките“, вели Катерина Котеска-Стисниовска

По грозоморното убиство на 56-годишната Милена Витанова во италијанскиот град Пјаченца, јавноста ја потресе и емотивната објава на адвокатката Катерина Котеска-Стисниовска, која со години работи на случаи поврзани со семејно насилство. Таа
Go toTop