Ловрен ја заврши репрезентативната кариера

February 23, 2023
1 min read

Дејан Ловрен се повлече од хрватската репрезентација. Хрватскиот фудбалски сојуз денес објави соопштение и проштално писмо од дефанзивецот.

– Оваа одлука ја донесов по долго размислување. Дојде денот кога треба да се збогувам со репрезентацијата, иако и понатаму останувам страстен навивач на репрезентацијата.

Најубавата страница во оваа приказна за мене е сето она што го постигнавме во изминатите пет години. Да бидам искрен, сè уште ми изгледа како еден голем сон. Никогаш нема да ги заборавам овие моменти и засекогаш ќе ги чувам во моето срце.

Благодарам за соработката на сите тренери, од Славен Билиќ до Златко Далиќ, научив многу од сите. Им благодариме на сите поранешни и сегашни соиграчи за оваа незаборавна авантура. Споделивме подеми и падови, смеа и солзи. Ми станавте како браќа. Бевте покрај мене кога ми беше навистина тешко.

Како и секогаш ќе бидам покрај вас. Ви благодарам од се срце, напиша дефанзивецот на Лион.

Ловрен во хрватската репрезентација е од 2009 година. Како дел од тимот „коцкестите“ одигра 78 натпревари, стана вицешампион на светот во 2018 година и бронзен медалист на Светското првенство во Катар 2022 година.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

НГИ коалиција на Египќани: Фаворизирање на македонските Бугари за влез во Уставот ги дискриминира, Египќаните, Хрватите, Црногорците…

Следно

Турскиот дрон „Бајрактар Акинџи ТИХА“ за првпат изложен на саем за одбрана во странство

Latest from Blog

Онана во првиот меч за Трабзон имаше 7 одбрани и доби највисока оценка

фото: DİAS (X) Довчерашниот голман на Манчестер Јунајтед, Камерунецот Андре Онана имаше одлично деби на голот на Трабзонспор. Иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Фенербахче со 1:0, Онана блескаше на голот

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,
Go toTop