Сали разрешен од министер со 65 гласа „за“, а Алити и Чупи со 64 гласа

February 23, 2023
1 min read

По разрешувањето, пратениците ќе треба да ја продолжат седницата со дискусија за предложените имиња за нови министри

Адмирим Алити, Беким Сали и Џемаил Чупи

Тројцата досегашни министри во Владата од редовите на Алтернатива се разрешени од функциите.

Од министерските позиции заминуваат досегашните министри за здравство – Беким Сали, за информатичко општество и администрација – Адмирим Алити и министерот без ресор задолжен за дијаспора – Џемаил Чупи.

Од присутни 105 пратеници, „за“ разрешување на Сали гласаа 65 пратеници, а немаше ниту еден „против“ или „воздржан“. За разрешување на Алити и Чупи, пак, имаше по 64 гласа „за“ и по еден „против“.

Седницата за разрешување и именување нови членови на Владата започна пред десет дена, на 13 февруари. На дневен ред се четири точки, а разрешувањето на тројцата министри е само првата точка.

Тоа значи дека сега допрва ќе се дискутира и гласа за избор на нови владини членови, што е втора точка на дневниот ред.

Со изборот на нови министри треба да се пополнат местата на Сали и Алити, како и на поранешните министри за правда Никола Тупанчески и за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. За разрешувањето на Тупанчески и Нуредини не се дискутираше затоа што тие сами ги поднесоа оставките како резултат на договорот за влез на Алијанса за Албанците во Владата и прераспределба на ресорите, па затоа Собранието само им ги констатираше оставките.

Новите министри кои треба да се изберат на нивно место се: Кренар Лога (Алијанса) – министер за правда; Фатмир Меџити (Алијанса) – министер за здравство; Азир Алиу (Алијанса) – министер за информатичко општество и администрација; и Каја Шукова (СДСМ) – министерка за животна средина и просторно планирање.

За министерското место без ресор кое го држеше Чупи, засега не е предложен нов министер, а нема ниту најави дека ќе има предлог.

Откако ќе се изберат новите министри, пратениците ќе треба да продолжат со дебата за третата точка, односно за разрешување и на тројца заменик-министри од кои двајца се кадри на Алтернатива: Абдулшуќур Абедини – за земјоделство и Лулзим Алиу – за образование и наука. Третиот е заменикот за одбрана – Башким Хасани кој е дел од „огнената група“ во ДУИ.

Покрај нив, од Владата, со Тупанчески и Нуредини заминаа уште двајца заменици кои сами си поднесоа оставки: Агим Нухиу (ДУИ) кој беше заменик за правда, како и заменикот во здравство, Владимир Рендевски (СДСМ).

Четврта точка на собраниската седница, пак, е именување на заменици кои ќе ги пополнат нивните места. Според предлогот, Агим Нухиу, кој пред да биде заменик во Правда, беше и во МВР, повторно ќе седне во функционерска фотелја, но како заменик-министер за образование и наука.

Друите предлози за заменик-министри се: Тирон Јајага (Алијанса) – заменик-министер за одбрана; Вјолца Бериша (Алијанса) – заменик-министерка за земјоделство; Викторија Аврамовска-Мандиќ (СДСМ) – заменик-министерка за правда; и Маја Манолева (СДСМ) – заменик-министерка за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шпанија плати 258 милиони евра за возови што не ѝ ги собира во тунелите

Следно

Турскиот претседател Ердоган го прими грузискиот премиер во Анкара

Latest from Blog

Мурињо требало да биде тренер на Барселона во периодот пред Гвардиола да пристигне на „Камп Ноу“

Приказната на Жозе Мурињо со Барселона можела да тргне во сосема поинаков правец. Долго пред да стане еден од најголемите ривали на Каталонците како тренер на Реал Мадрид, португалскиот стручњак бил исклучително

74 милиони денари промет на Македонската берза, МБИ10 со минимален пад

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 28.09.2026 заврши со минимален пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.722,45 поени. Во

Димитриеска-Кочоска: Благодарност до Лосон за неговиот придонес во економската соработка

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон, по повод завршувањето на неговиот дипломатски мандат во Македонија. Димитриеска-Кочоска му се заблагодари на амбасадорот за
Go toTop