Ракометот завиен во црно: Почина Илија Темелковски

February 6, 2025
1 min read

Македонскиот ракомет повторно е завиен во црно откако денеска почина Илија Темелковски, легендарен ракометар и тренер чие име воедно ќе остане запишано и како еден од најуспешните селектори на македонската репрезентација.

-Почина Иле Темелковски – човек кој го посвети сиот свој работен век на ракометот, ракометната и спортската јавност изгубија вреден спортски работник , кој беше силно и неуморно посветен кон ракометот. Ракометната Федерација на Македонија упатува искрено и длабоко сочуство до семејството на Темелковски, се огласија од РФМ.

Темелковски најголемиот дел од својата играчка кариера ја мина во дресот на Пролет, клуб чиј дел беше до ден денеска, извршувајќи ја функцијата на координатор во младинската школа на скопскиот суперлигаш. Претходно, тој во неколку наврати седеше на клупата на Пролет, во последните години помагајќи во периодите кога доаѓаше до промени на кормилото на овој клуб.

Името на Темелковски секогаш ќе остане запаметено како предводник на младинската репрезентација што стигна до четврто место во 2002 година, а последен успешен ангажман како селектор му беше како предводник на У21 селекцијата во Алжир, кога Македонија предводена од него на клупата, со Талески, Кузмановски… стигна до шестото место на овој младински мундијал.

Темелковски беше селектор на А-репрезентацијата на Македонија на СП 2009 во Хрватска кога под негово водство нашите најдобри ракометари направија значаен исчекор на големите натпреварувања, минувајќи ја првата групна фаза и на крајот се пласираа на 11. место во светскиот ракомет.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Макрон и Ал Сиси разговараа за дводржавното решение за израелско-палестинскиот конфликт

Следно

Мајката на Фросина: Душава ми гори од болка, морам да сум силна за да има правда за моето чедо и нема да се скршам

Latest from Blog

Тудор после Интер: Беше лудо, не знам дали ја заслуживме победата!

Во италијанското дерби полно со пресврти, Јувентус го победи Интер со 4:3 пред своите навивачи. Победничкиот гол беше постигнат во судиското продолжение. Тренерот на Стара дама, Игор Тудор, призна по натпреварот дека

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop