Лекар се степале во операциона сала во штипската болница – поведена дисциплинска!

February 6, 2025
1 min read

За вчерашната физичка пресметка меѓу двајцата лекари во Клиничката болница – Штип во операциона сала, за што веќе информираа од СВР –Штип, во писмено соопштение за настанот од болницата информираат дека веќе е поведена дисциплинска постапка за двајцата вработени.

-Во текот на вчерашниот ден 05.02.2025 година околу 12:30 часот во работните просториите на Клиничка болница – Штип дојде до нарушување на работниот ред со физичка пресметка помеѓу двајца вработени. Во текот на денешниот ден, од страна на надлежните од болницата случајот е пријавен во СВР-Штип и е поведена дисциплинска постапка за двајцата вработени, се вели во соопштението од Клиничка болница-Штип.

Во него се наведува дека за сите понатамошни постапувања јавноста дополнително ќе биде известена.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Мицкоски очекува средби со претставници на бугарската Влада, но не прецизира на чија иницијатива

Следно

Одземени мобилни и обемна документација, МВР за претресите во своите редови

Latest from Blog

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop