Кога власта не ги контролира маркетите, граѓаните излегуваат на бојкот

February 6, 2025
1 min read

Незадоволството од високите цени во маркетите се проширува низ регионот. По успешните бојкоти во неколку земји, слични иницијативи веќе се организираат во Косово, Бугарија и Грција. Граѓаните реагираат на цените кои во некои од овие држави се повисоки и од оние во ЕУ, и покрај тоа што стандардот и платите се далеку пониски, а властите не преземаат мерки. И покрај социјалните кошниќчки кои изминатиот период ги промовираа политичарите, сепак инспекторатите не си ја завршиле работата, а граѓаните останаа во милост и немилост на волјата на маркетите.

На социјалните мрежи во Македонија се најавува нов бојкот за утре, под слоганот „Црн петок за маркетите“. Минатонеделниот бојкот го намалил прометот во маркетите за 47%, според податоците на УЈП.

Во Хрватска, платформата „Ало, инспекторе“ повикува на нов генерален бојкот на продавниците и услугите на 7 февруари, како и седумдневен бојкот на одреден малопродажен синџир.

Во Србија, по бојкотот на 31 јануари, здружението „Ефектива“ повика на нов бран на протест. Исто така, во Косово на 10 февруари граѓаните се повикуваат целосно да ги избегнуваат супермаркетите, додека во Бугарија протестот е закажан за 13 февруари, а во Грција на 19 февруари.

Незадоволството е сè погласно, а граѓаните од регионот јасно ставаат до знаење дека нема да толерираат ценовно самоволие.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Бесплатен организиран превоз за протестот за Фросина од Скопје во Неготино во сабота

Следно

CINEDAYS распиша конкурс за кратки филмови

Latest from Blog

Де Роси најверојатно ќе ја преземе Џенова

Даниеле Де Роси е најсериозен кандидат да биде нов тренер на тимот на Џенова, откако менаџментот на клубот одлучи да му врачи отказ на Патрик Виера. Клубот во моментов е во потрага

Жените родени под два знака се најпосакуваните партнери и сопруги

Љубовта, топлината и способноста да се разбере партнерот се квалитети кои многумина ги сметаат за најважни во љубовната врска или бракот. Сепак, според астрологијата, постојат жени кои природно зрачат од оваа посебна

МВР: Безбедноста на новинарите е еден од врвните приоритети

МВР информира дека денеска се одбележува 2 Ноември – Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторства против новинарите. Преку кампањата „Новинарите се важни“, Советот на Европа и државите-фокусни точки ја

Експлозија на бомба ги разбуди граѓаните на Сараево- оштетени возила пред казино

На плоштадот ЗАВНОБИХ во сараевската општина Нови Град ноќеска околу 23:15 часот се случила експлозија, вознемирувајќи ги жителите на населбата Алипашино Поље, објави Ослобоѓење. Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон потврди
Go toTop