80 години слободно Скопје – Град во исчезнување зашто сите белези што го прават метропола се загрозени

November 13, 2024
2 mins read

Со низа настани и свечености денеска ќе биде одбележана на 80-годишнината од ослободувањето на Скопје.

Делегации од Град Скопје и од Собранието, ќе положат свежо цвеќе пред споменикот на ослободителите на градот и на партизанските гробишта во Бутел… Свечена академија и доделување на 13-то Ноемвриската награда, ќе се одржи во 19 часот во Македонската Филхармонија.

Ќе се одржат поетски читања, претседателот на Владата ќе се обрати на отворањето на меѓународниот научен собир „Антифашизмот помеѓу меморијата и заборавот“ во Музејот на македонската борба за самостојност…

Скопје сето тоа го заслужува во чест на минатото на градот херој и во чест на граѓаните кои го ослободија, кои го поставија на мапата на светските главни градови на државите во светот. Во чест на генерациите кои растеа заедно со него, го градеа после секоја голема катастрофа…

И… ќе помине и овој празник, овој пат голем јубилеј, 80 години од ослободувањето и ќе се сеќаваме и ќе му оддаваме почит на минатотот.

Но, што е со иднината на градот?

Секоја година во овој период тоа прашање се наметнува со сета своја тежина и неизвеснот што ги носи со себе зашто статистиките се поразителни. Скопје е меѓу десетте најзагадени градови во светот, секоја година од последиците и од загадувањето умираат повеќе од 3000 скопјани…

Од одземеното право на здрава животна средина и чист воздух… Основните елементи што го прават еден град хумано место за живеење.

Наместо да го красат сите предуслови што го овозможуваат тоа, Скопје денес е „украсен“ со статистика која е спротивна на елементарна здрава животна стредина.

А не требаше многу. Требаше да се исполнат ветувањата или да продолжат неколку проекти од исклучително значење. Капитални проекти за Скопје од клучно значење за животната средина.

Блокирани европски проекти од клучно значење за животната средина

Градоначалничката на Скопје во нејзината кампања зборуваше: „Заради намалување на загадувањето во главниот град, предвидуваме транзиција кон целосно еколошки јавен транспорт. Нашата цел е поефикасно извршување на јавниот превоз, како и заштита на животната средина. Во соработка со централната власт и меѓународни партнери, се обврзуваме на промена на автобуската флота со еколошки автобуси на природен гас и електрични автобуси“, пишуваше во изборната програма на Данела Арсовска во 2021 година во октомври.

Ветувањето на  градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска за набавка на нови еколошки автобуси досега не е неисполнето.

Наместо „зелени“ автобуси, скопјани добија уште серија зелени ветувања.

Не е започната реализацијата на проектот градска лабораторија за контрола на загадувањето во Скопје, исто така едно од предизборните ветувања на Арсовска.

Арсовска набрзо по доаѓањето на градоначалничката функција категорично објави дека нема намера да го имплементира проектот за изградба на инфраструктура за трамвај на тркала, односно Бас Рапид Транзит (БРТ) кој до фаза на почеток го доведе нејзиниот претходник Петре Шилегов, бидејќи не го ветила во кампањата. Парите за БРТ стојат нечепнати, па поради тоа од државниот буџет се плаќаат пенали – по 350 илјади евра годишно камата на ЕБОР, бидејќи кредитот во висина од 70 милиони евра е земен, но проектот не се реализира. Фактички, државата толку ја чини инаетот на Арасовска која не ги користи парите од кредитот, односно не го ја започна изградбата на системот за БРТ во Скопје.

Изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Скопје, проект вреден преку 200 милиони евра и од исклучително значење за животната средина за градот и за скопскиот регион остана во маглата на политичките пресметки и неспособноста на градските власти.

Пречистителната станица за отпадни води во Скопје ќе овозможи примарен и секундарен третман на отпадните води од Скопје. Објектот ќе има капацитет да ги задоволи потребите на 540.000 жители. Третираната вода ќе има врвен квалитет, со што ќе се подобри и хемискиот и бактериолошкиот квалитет на речните води на Вардар.

Оддолжувањето на реализација на овој проект не го запре испуштаењето на фекалиите од главниот град како непречистени директно во Вардар.

Долга е листата на неисполени ветувања  

Го нема специјалниот закон за заштита на Водно ветен од Данела Арсовска; не е реализиран ниту зелениот спортски кеј од Ѓорче до Долно Лисиче;

Зоолошка градинане само што не доби нов аквариум, туку го изгуби и кандидатскиот статус за членство во Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА);

Ветуваше хуман третман на животните во скопската зоошлошка, но наместо тоа намерно беа отруени три коњи од редок вид во исчезнување…

Од сето ова не е претерано и ако се каже дека состојбата во којашто се наоѓа Скопје го прави да биде вид во исчезнување зашто сите белези што го прават град се загрозени.

З.Б.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Мицкоски на меѓународен научен собир по повод 80 години од првото заседание на АСНОМ

Следно

„Поетот и градот“ со Влада Урошевиќ – осумдесет години слободно Скопје

Latest from Blog

Трамп инвестирал најмалку 82 милиони долари во обврзници, фокусиран на секторите што ги претпочита

Американскиот претседател Доналд Трамп купил корпоративни обврзници во вредност од најмалку 82 милиони долари од крајот на август до почетокот на октомври, вклучувајќи нови инвестиции во сектори што имаат корист од неговите

„Сараево Сафари“: Обвинителството во Милано ја проширува истрагата, Италијанци плаќале за убивање цивили

 Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во која богати странци, меѓу кои и италијански државјани, плаќале високи суми на пари за да учествуваат во

Белингам беше лут, Тухел порача: Нема да ја променам одлуката зошто некој мафта!

Менаџерот на Англија, Томас Тухел, го предупреди Џуд Белингам дека „однесувањето е клучно“ откако ѕвездата на Реал Мадрид реагираше луто на неговата замена за време на победата од 2-0 над Албанија. Инцидентот

Тоневски најавува нови развојни проекти за Пробиштип и Источниот регион

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денес оствари работен состанок со директорот на Центарот за развој на Источниот плански регион, Трајче Здравков. На средбата се разговарало за тековните активности и идните развојни

Трамп: Разочаран сум од Путин, но не сум завршил со него

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е решен да ги одржи односите со рускиот претседател Владимир Путин, и покрај растечката фрустрација, додавајќи дека „не завршил со него“. Трамп во неделата објави дека
Go toTop