600.000 евра за модерна и дигитална преносна мрежа во Македонија: Потпишан грант-договор меѓу МЕПСО и Француската агенција за развој

October 15, 2025
3 mins read

Во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Македонија денес се одржа свечената церемонија на потпишување на Грант-договорот меѓу МЕПСО и Француската агенција за развој (AFD), со што се означува континуитетот и продлабочувањето на техничката соработка насочена кон поддршка на модернизацијата на националната преносна електроенергетска мрежа.

Настанот се одржа во присуство на Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини, Кристоф Ле Ригољер, амбасадор на Франција во Република Македонија, Бурим Љатифи, Генерален директор на МЕПСО, Вероника Милевски, извршна директорка на RTE International, Франсоа Винс, заменик-директор на Канцеларијата на AFD за Западен Балкан, како и гости од енергетскиот сектор.

Овој грант во вредност од 600.000 евра овозможува насочена техничка помош за унапредување, модернизација и дигитализација на преносната мрежа – суштински чекори за обезбедување стабилно снабдување со електрична енергија, намалување на техничките загуби, зголемување на ефикасноста на системот и подготовка на МЕПСО за растечкиот удел на обновливи извори и интеграцијата на регионалниот пазар.

Проектот е фокусиран на четири клучни области:

• изработка на студии за адекватност на системот со користење на пазарниот симулатор ANTARES,

• димензионирање на системските резерви,

• воспоставување методологија за пресметка на преносни загуби и изработка на студија за изводливост,

• како и подготовка на концептуален дизајн за дигитализација на трафостаница.

Во рамките на проектот, експерти од RTE International – подружница на францускиот оператор на преносниот систем RTE – веќе одржаа обуки за инженерите на МЕПСО за користење на симулаторот ANTARES, со што се унапредуваат нивните технички и аналитички капацитети за поефикасно управување со системот во сè подинамичен електроенергетски пазар.

Во своето обраќање, министерката Сања Божиновска ја нагласи важноста на ова партнерство за изградба на современ и отпорен енергетски систем:

„Денес го потврдуваме партнерството што го зајакнува нашиот пат кон модерен, сигурен и достапен енергетски систем. Техничката помош од Француската агенција за развој ќе му овозможи на МЕПСО да ја забрза модернизацијата и дигитализацијата на мрежата, да го подобри планирањето и работењето и поефикасно да ја управува променливоста што произлегува од поголемото учество на обновливите извори и динамиката на пазарот. Оваа поддршка е значајна за граѓаните и стопанството. Понапредна и попаметна мрежа значи помалку прекини, подобро искористување на чиста енергија, посилни регионални врски и поголема отпорност на системот – без разлика дали станува збор за временски услови, флуктуации на побарувачката или пазарна нестабилност.“

Генералниот директор на МЕПСО, Бурим Љатифи, го истакна посветеното ангажирање на компанијата кон техничка извонредност и дисциплина во реализацијата:

„Со потпишувањето на овој грант-договор ги зајакнуваме нашите стратешки партнерства и го градиме техничкиот капацитет потребен за современа преносна мрежа. Пилот-проектот за дигитализација, фокусиран на развој на целосно дигитална трафостаница со напредни системи за заштита, управување и надзор, претставува конкретен чекор кон трансформација на МЕПСО во попаметен, поефикасен и ориентиран кон иднината оператор на преносниот систем.“

Вероника Милевски, извршна директорка на RTE International, изјави:

„Овој проект претставува значаен чекор напред за енергетскиот сектор на Македонија – обединувајќи ја националната амбиција, регионалната соработка и европското партнерство. Во соработка со МЕПСО и Француската агенција за развој (AFD), придонесуваме за зајакнување на енергетската безбедност, конкурентноста и подготвеноста на земјата за енергетската транзиција. Договорот обединува напредно моделирање на електроенергетскиот систем, иновативно предвидување на резервите со користење на вештачка интелигенција и пилот-проект за дигитализација на трафостаница од 110 kV – одлучувачки чекор кон поотпорна, потранспарентна и поконкурентна електроенергетска мрежа.“

Амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер, нагласи дека овој договор претставува уште еден чекор напред во продлабочувањето на партнерството меѓу Франција и Македонија.

Тој истакна дека оваа соработка ја одразува заедничката посветеност на двете земји кон одржлив раст, иновации и енергетска отпорност. Амбасадорот додаде дека Франција, преку AFD и RTE International, со гордост ја поддржува Македонија во напорите за јакнење на енергетската стабилност и создавање позелена и подигитализирана иднина.

Франсоа Винс, заменик-директор на Канцеларијата на AFD за Западен Балкан, подвлече дека овој нов договор ја илустрира континуираната посветеност на AFD кон модернизација на преносната мрежа во Македонија. Тој додаде дека оваа соработка е дел од посилната заложба на AFD за поддршка на македонските партнери, и со задоволство ја искористи оваа прилика да го најави отворањето на локалната канцеларија на AFD во Скопје, која ќе ја претставува Мелани Малинво.

Проектот ќе продолжи со нови активности за градење капацитети и техничка поддршка, со што ќе се овозможи примена на напредни технологии и аналитички модели за управување со преносниот електроенергетски систем на Македонија.

Групацијата AFD придонесува за спроведување на француските политики за одржлив развој и меѓународна солидарност. Во нејзини рамки функционираат Agence Française de Développement (AFD) – која го финансира јавниот сектор, невладините организации, истражувањата и обуките; нејзината подружница Proparco, насочена кон приватниот сектор; и Expertise France, агенцијата за техничка соработка.

Групацијата AFD финансира, поддржува и забрзува неопходни транзиции кон поправеден и поотпорен свет. Активна во регионот на Западен Балкан од 2019 година, AFD има мандат да им помогне на земјите од регионот во приближувањето кон стандардите на ЕУ и спроведувањето на Парискиот договор за климатски промени, со цел инклузивен и нискојаглероден економски развој. Од тогаш, AFD има ангажман од над 1,5 милијарди евра во регионот на Западен Балкан, преку 39 активни проекти.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Меџити: Новото кошаркарско игралиште во Чаир е инвестиција во младите и спортот

Следно

Повеќе од 12 цивили убиени во судирите блиску границата меѓу Пакистан и Авганистан

Latest from Blog

Здравствениот дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип го доби најсовремениот ултразвучен систем

Во Здравствениот дом „Нада Михајлова“ денеска беше презентиран новиот специјализиран ултразвучен (ехо) дијагностички систем, набавен со средства обезбедени од Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Посетата на установата ја извршија директорот на

Хегсет побара од сојузниците на НАТО да обезбедат повеќе средства за американско оружје за Киев

Министерот за одбрана на Соединетите Американски Држави, Пит Хегсет, денеска ги повика сојузниците во НАТО да ги зголемат трошоците за американско оружје за Украина, по извештајот што покажа остар пад на воената

Ѓорѓиевски: Скопје ќе биде град достапен и инклузивен за лицата со оштетен вид

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес ја одбележа Меѓународниот ден на белиот стап, симбол на независноста, достоинството и самостојноста на лицата со оштетен вид. Заедно со претседателката на Република Македонија,

Словачкиот претседател Петер Пелегрини во посета на скопско средно училиште СУГС „Марија Кири – Склодовска“

Петер Пелегрини, при официјалната посета на Македонија, денеска го посети и средното училиште – СУГС „Марија Кири – Склодовска“ – Скопје во општината Аеродром, каде присуствуваше на еден од наставните часови по

Изет Меџити: Нема повеќе нелегален отпад, нема компромис со загадувањето

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, изјави дека со расчистувањето на депонијата Дрисла се става крај на една од најголемите еколошки рани на главниот град. Тој најави дека по чистењето
Go toTop