„6-та мајка“ на бугарскиот Парламент да избере претседател

November 27, 2024
1 min read

Пратениците во бугарскиот Парламент денеска ќе направат шести обид да изберат претседател на 51-то Народно собрание откако не успеаја минатата недела за нов избор.
Новоизбраните пратеници положија заклетва на 11 ноември, но новиот парламент се уште не може да функционира поради неможноста политичките сили да се обединат околу кандидат за претседател на законодавниот дом, јави БТА.

На почетокот на оваа недела, лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, изјави дека направил чекор назад, се повлекол од предлогото за функцијата претседател на парламентот и го предложил Атанас Атанасов од ПП-ДБ за функцијата.

Од ПП-ДБ во став испратен до медиумите одговорија дека Бојко Борисов за премиер е неприфатлив предлог и тие нема да учествуваат во трговија со функции.

Лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов се изјасни остро против Бојко Борисов да биде премиер, а Атанас Атанасов да биде претседател на Собранието. Трифонов изјави дека ставот на ИТН останува непроменет. Партијата предложи најстариот пратеник – Силви Кирилов (ИТН) – привремено да раководи со парламентот.

По ставот на ПП-ДБ, вчера претседателот на ГЕРБ Бојко Борисов на брифинг соопшти дека категорично го повлекува барањето да биде кандидат за премиер. „Веднаш го враќам мандатот кога ќе го добијам“, додаде тој.

„БСП-Обединета левица“ ги покани политичките сили во Народното собрание без ГЕРБ-СДС и „ДПС-Нов почеток“ на средба во потрага по „излез од парламентарната криза“. Борислав Гуцанов од „БСП-Обединета левица“ по средбата дека се подготвени да разговараат за сите можни опции, вклучително и повлекување на кандидатите и нова кандидатура што би ги обединила сите околу нив.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Повеќе од 40.000 луѓе го напуштија главниот град на Хаити во изминатите 10 дена поради насилство на бандите

Следно

„Знам дека ме има, според нападите со кои работат да ме снема“: Шест години без македонскиот горостас Горан Стефановски

Latest from Blog

Клиника од пеколот во Бразил: Купишта лекови со поминат рок, животни пред умирање, кеси со фетуси… (ВИДЕО)

Видеото неодамна снимено од спасувачи на животни од лажната ветеринарна клиника во Гуарулос, Сао Паоло, Бразил, го покажува најмонструозното занемарување на животните чувани во најневеројатни услови. Благодарение на заедничката операција на Цивилната

Муцунски негира дека имал средба со бугарската колешка: Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, негира дека имал средба со неговата бугарска колешка, Весислава Петрова – Чамова, во Брисел и воедно потсетува дека користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот
Go toTop