На годишениот маратон во чест на Тоше учество зедоа 14 учесници
Нив ги пречекаа учениците и грагани од Крушево, кои со рози на главната улица во градот, им посакаа добредојде.
Во Крушево и денеска многу граѓани му оддадоа почит на Тоше на неговото вечно почивалиште.
-Што се однесува до самиот Тоше, не знам дали постојат зборови кои би можеле да објаснат колку всушност направи тој за културата, не уметноста. Не само во Македонија, туку и надвор во регионот. Откако сум тука во Македонија, имам чувство дека вие можеби не сте свесни какво влијание имаше тој на младите. – Марко Прентиќ – црногорски пејач
Тоше Проески животот го загуби на само 26 години, во трагичната несреќа кај Нова Градишка на пат за Загреб. Освен својатата добрина хуманост и харизма Проески зад себе остави многу концерти, осум студиски албуми и безбројни хитови.
Извор: vecer.mk