Звукот од експлозиите при уништувањето на зградите во Газа се слушна дури и во централните подрачја на Израел

June 4, 2025
1 min read

ЕРУСАЛИМ (АА) – Звукот од уривањето на зградите од страна на Израел во Појасот Газа со тони експлозив се слушнал дури и во централните подрачја на Израел, известува Анадолу.

Израелската државна телевизија КАН објави дека се слушнале „невообичаени“ звуци на експлозија како резултат на детонирањето 9 тони експлозив за уништување на зградите во Газа, што биле натоварени на оклопни транспортери.

Во веста се наведува дека звукот од експлозијата во Газа предизвикал потреси што ги почувствувале и некои Израелци, и дека се очекува експлозиите да продолжат поради израелските напади во Газа.

Според податоците од владината канцеларија за медиуми во Газа од крајот на мај, уништувањето во Појасот Газа како резултат на геноцидната војна на Израел достигнало 88 %.

Според проценките на ОН, вкупните трошоци за обнова на областите уништени во војната на Израел во Појасот Газа изнесуваат 40 милијарди долари.

-⁠ ⁠Израелската Армија, која го прекрши прекинот на огнот, започна акции за трајна окупација на Газа

Израелската Армија ги продолжи своите насилни напади утрото на 18 март, по прекинот на огнот што стапи на сила во Појасот Газа на 19 јануари.

Откако израелската Армија продолжи со нападите, убиени се 4.240 Палестинци, претежно постари лица, жени и деца, а 12.860 се повредени.

Во нападите на Израел врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година, убиени се најмалку 54.510 Палестинци, а бројот на повредени изнесува 124.901.

Израелската Армија започна со спроведување план за напад што ќе ја прошири и ќе ја направи трајна окупацијата на Појасот Газа. Премиерот Бенјамин Нетанјаху објави дека ќе го окупираат целиот Појас Газа.

Според планот, израелската Армија трајно би го окупирала Појасот Газа, а Палестинците би биле депортирани во „собирни кампови“ во јужна Газа. Израел во собирните кампови ќе им обезбеди хуманитарна помош на Палестинците „колку да можат да преживеат“.

Израелските министри објавија дека планираат да уништат сè што останало недопрено во Појасот Газа и да ги протераат Палестинците прво на југ, а оттаму во други земји.

Израелската Армија започна со спроведување на планот за напад што ќе ја прошири и ќе ја направи трајна окупацијата на Појасот Газа. Премиерот Бенјамин Нетанјаху објави дека ќе го окупираат целиот Појас Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Камбовски: Разрешен е Енвер Беџети, но тој има право на жалба

Следно

Реј Моралес најново засилување на ГРК Охрид

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop