„Зошто е геноцид она што се случува во Газа“

November 16, 2023
7 mins read

ПАРИЗ (АА)

– Есра ТАШКИН

Францускиот адвокат Жил Деверс, кој ги брани палестинските жртви пред Меѓународниот кривичен суд (МКС), оценувајќи ги како „совршени документи“ фотографиите на Агенција Анадолу (AA) што ги докажуваат воените злосторства на Израел, за АА рече дека со задоволство ќе ги додаде фотографиите на АА во жалбата за злосторствата на Израел пред МКС, пишува Анадолу.

Познатиот француски адвокат Деверс, кој ги застапува палестинските жртви во МКС со собирање армија од 500 адвокати од целиот свет против воените злосторства и геноцидот извршени во Газа од страна на Израел, со години работи во оваа област. Деверс, кој предава и спроведува академски студии на Правниот факултет на Универзитетот во Лион, 10 години е и уредник на списанието „Закон, етика и можност“. Деверс е активен на здравствените и социјалните полиња веќе 30 години и ги брани малцинствата и жртвите во различни земји, вклучително и оние од Франција и од Палестина.

Деверс со дописникот на АА зборуваше за петицијата потпишана од стотици адвокати за вклучување на нападите на Израел врз Газа и злосторството за геноцид во тековната истрага за Палестина во МКС, како и за фотографиите направени од фоторепортерите на АА што докажуваат дека израелската армија користела бел фосфор во Газа.

Изјавувајќи дека воените злосторства, злосторствата против човештвото и злосторството геноцид се разгледуваат под посебни наслови во МКС, Деверс рече дека има околу 80 правни фусноти во петицијата што ја поднеле во врска со злосторството на Израел за геноцидот во Газа и дека за секоја реченица додале и пример на судска практика како забелешка во текстот.

Деверс, изјавувајќи дека еден настан ќе се смета за геноцид доколку се загрози постоењето на едно општество и му се прекине пристапот до најосновните потреби, го рече следново: „Правната практика вели вака: Кога се прекинуваат водата и струјата, храната е ограничена и предизвикува глад, кога нема пристап до здравствена заштита, кога се напаѓаат болници, кога се бомбардираат цивилни куќи и кога (луѓето) под присила се принудени да мигрираат, се врши кривично дело геноцид.“

Деверс посочи дека воените напади што ги претрпеа Палестинците се над ситуацијата што ја доживуваат муслиманите Рохинџа и потсети дека израелските власти дале навредувачки изјави за палестинскиот народ.

Истакнувајќи дека ситуацијата во Газа е потешка од она што се случи во Сребреница во 1995 година, Деверс рече: „Се сеќаваме дека 8.600 луѓе беа убиени во инцидентот што е прифатен за геноцид во Сребреница. Затоа оваа ситуација (во Газа) е потешка.“

Наведувајќи дека има и такви што тврдат дека обвинителот на МКС не ќе може да спроведе истрага на самото место во Палестина и дека станува збор за комплексно прашање, Деверс рече дека не се согласува со тоа.

Деверс го истакна следново:

„Министерот (на Израел) рече ‘да ја исклучиме струјата’, следниот ден беше исклучена струјата. Министерот рече ‘да ја прекинеме испораката на нафта’, следниот ден немаше нафта. За водата рече ‘нема да им даваме вода’, не се обезбедува вода. Болниците се цел на напади, и тоа така продолжува.“

Посочувајќи дека покрај документите презентирани од медиумите и сведоштвата што ги добиле од регионот имаат многу докази, како и фактот дека извршителот на настаните во Газа не се криел, Деверс рече: „Нашето ниво на докази е многу високо и затоа бараме одлука за апсење на (израелскиот премиер Бенјамин) Нетанјаху.“

Критикувајќи ги двојните стандарди што се спроведуваат во врска со палестинското прашање и истакнувајќи дека обвинителот на МКС треба да биде многу внимателен, Деверс посочи дека кога станува збор за Палестина, западните земји имаат поинаков став од оној што го имаат кон Русија.

Напоменувајќи дека околу 12.000 Палестинци ги загубиле животите во нападите на Израел врз Газа од 7 октомври, Деверс рече дека ќе продолжат со борбата за отворање истрага пред МКС за настаните во Газа.

Зборувајќи дека во досието за Палестина соработуваат со вештаци за да ги потврдат насилните снимки што ги пронашле на социјалните мрежи, Деверс рече: „Дојдовме до шокантни слики што израелските војници ги објавиле како одмазда, а кои може да се сметаат за нехумани.“

Деверс истакна дека меѓу овие снимки има и кадри на кои израелски војници ги тепаат и исмеваат палестинските затвореници додека ги ставаат голи во автобус.

– „Ова се одлични документи“

Оценувајќи ги фотографиите на АА што докажуваат дека израелската армија извршила воени злосторства користејќи фосфорни бомби во своите напади врз Газа, Деверс за споменатите фотографии рече: „Ова се одлични документи.“

Деверс го покажа белиот чад на фотографијата на АА и рече: „Технички, знаеме дека овој бел чад е трага од фосфор. Ова е навистина карактеристична ситуација, тоа го покажуваат и вашите други фотографии.“

Објаснувајќи дека белиот фосфор ги нарушил сите GPS конекции и уредите за локација, францускиот адвокат истакна дека фосфорните бомби што биле фрлени врз Газа биле лансирани од Израел, како што се гледа на фотографиите на АА.

Подвлекувајќи дека белиот фосфор предизвикува значителни изгореници на човечкото тело, Деверс потсети дека во тој контекст белиот фосфор е во доменот на забрането оружје.

– „Ова е фотографија на воено злосторство“

Оценувајќи ја фотографијата на АА на која се прикажани бели фосфорни бомби наредени пред израелски тенк, Деверс, броејќи ги израелските војници на фотографијата, рече: „Ова е фотографија од воено злосторство и ова се криминалци. Еден, два, три, четири (израелски војници) воени злосторници бидејќи може да идентификуваме дека имаат оружје со бел фосфор.“

Францускиот адвокат рече дека бидејќи со Меѓународната конвенција за употреба на хемиско оружје се забранува само употреба на хемиско оружје од воздух, затоа Израел се обидува да се оправда себеси пред законот користејќи хемиско оружје преку тенкови.

Нагласувајќи дека ова оружје е нелегално и се користи против палестинските цивили, Деверс рече дека ова оружје предизвикува сериозни повреди, вклучително и изгореници на кожата, особено кај децата, и додаде дека ваквиот метод на Израел е крајно садистички и насилен.

Адвокатот Деверс изјави дека фотографиите на АА што ги докажуваат воените злосторства на Израел во Газа со задоволство ќе ги додаде во жалбата што ќе ја поднесат до МКС.

Истакнувајќи дека Израел го користел ова оружје за да ги отстрани Палестинците од регионот, Деверс рече:

„Ова треба да се види внимателно. Ова (хемиско) оружје што е употребено во Газа се користи за да се запалат луѓето живи и да им се нанесат сериозни повреди. Тоа е единствена цел. Така настанатите рани може да предизвикаат смрт. Затоа користењето на ова оружје е дозволено само надвор од населените области за заштита на војниците или за подготовка за некаков маневар.“

Потсетувајќи дека Амнести интернешнал или Хјуман рајтс воч има колеблива одлука во врска со употребата на хемиско оружје од страна на Израел во Газа, Деверс рече дека нема да прифати дискусија за тоа дали Израел во моментов врши воено злосторство во Газа и додаде дека ова оружје се користело за палење и осакатување на цивилното население.

Деверс изјави дека употребата на ова оружје од страна на Израел нема да се смета за изолиран инцидент и додаде дека заедно со тоа, постојаното повикување Палестинците да ја напуштат Газа и таргетирањето на сите, вклучително и бебињата, е со цел нивно протерување од регионот.

Потсетувајќи дека во 2014 година тогашниот израелски министер за правда дал изјава дека „Израел треба да ги таргетира бремените жени во бомбардирањето бидејќи зголемувањето на палестинското население е проблем“, Деверс истакна дека кога ќе се погледне од оваа логика, сосема е јасно кон што точно цели Израел.

– „САД и Израел направија сѐ за да ја спречат Палестина да стане страна пред МКС“

Жил Деверс нагласи дека се подразбира оти МКС не е „идеално“ судско тело, но дека тоа е единствена врата како меѓународно судско тело за палестинскиот народ чии права се прекршени.

Деверс потсети дека Палестина го потпиша основачкиот договор на МКС во 2015 година, но процесот на станување страна пред судот беше одложен два месеца поради „притисокот“ на европските држави што не ја признаваат Палестина и дека САД и Израел дадоа сѐ од себе за да ги спречат Палестинците да бидат претставени пред судот.

И покрај тоа, истакнувајќи ја важноста Палестина да биде страна пред МКС, Деверс рече: „МКС е единствено меѓународно правосудно тело што вели дека ‘Палестина е држава’. Единствен. Ова е единствено место во светот каде што еден Палестинец се смета за еднаков со некој друг.“

Деверс рече дека нападите и кршењето на правата на Палестинците се земаат здраво за готово, но денес ситуацијата со која се соочуваат жителите на Газа е многу поинаква.

Во врска со нападите на Израел врз Газа, Деверс рече: „Но овде преминавме на нешто друго. Ова веќе не е само воено злосторство, преминавме кон нешто друго. Ова е нешто друго. Се сака да се уништи палестинскиот народ порачувајќи ‘Никогаш нема да бидеш дома’.“

„Ова не е мое сопствено мислење или теорија, јас зборувам за јуриспруденција (од аспект на судската практика)“, рече францускиот адвокат, додавајќи дека е спроведено испитување за „геноцид“ за ситуацијата во Газа.

Тој истакна дека во случајот за геноцид врз народот Рохинџи, кој е пред МКС, прекините на струјата што се спроведуваат врз народот Рохинџи се прикажани како критериуми, Деверс истакна дека прекините на струја, вода и храна што се применуваат врз Палестинците, исто така, ќе бидат разгледани од страна на судот како дел од критериумите за постоење кривично дело.

Врз основа на фактите дека најголемиот број од убиените во Газа се цивили, напорите на Израел Палестинците да ги прикажат „како да не се луѓе“ и дискурсите за уништување и споредбата со нова Накба, Деверс рече дека сето тоа се материјални елементи што покажуваат дека Израел извршил злосторство геноцид.

„Гамбија го поднесе случајот за геноцид на народот Рохинџа, а за Палестинците велиме ‘ние сме тука’“, рече Деверс и додаде: „Бидејќи имаме одговорност да спречиме геноцид.“

– „Ние сме армија адвокати што имаат командант и цел“

Деверс рече дека создале армија од адвокати што увиделе дека палестинскиот народ е „без заштита“ и истакна дека „армијата, која сега има командант и цел“, ќе го брани палестинскиот народ.

„Нашата работа не е политика и религија, нашата работа е да го браниме правото“, рече Деверс и додаде дека во еден ден на оваа армија и се придружиле стотици адвокати.

Врз основа на девизата „Да, ова е геноцид и што може да сториме за да ви помогнеме?“, францускиот адвокат рече дека им се придружиле синдикати и адвокати од четири континенти, а многу е високо и учеството од Туркије.

Во тие рамки Деверс рече дека адвокатите од повеќе од 20 земји, вклучително Германија, Англија, Франција, Мароко, Тунис, Мавританија, Бразил, Канада, Чиле, Гватемала, Мексико, Катар, Јордан, Бахреин, Египет, Јапонија и Пакистан, се вклучиле во нивните редови.

Со оваа жалба ние, како правни експерти, на Израел му велиме: „Знаеме дека ова е геноцид и ви го велиме тоа. Вие го велите спротивното. Ќе се пресметаме подоцна. Можеби моќта е во вашите раце, но ние ја кажуваме вистината“, рече Деверс.

За државите што го поддржуваат геноцидот на Израел, Деверс рече: „Многу скапо ќе ја платат цената за продажбата на сите теории за човекови права на касапот (израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху) кој својата теорија ја заснова само врз оцрнување и негирање на палестинскиот народ.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Кривичен бара Судски совет да ја делегира судијката Александра Ристеска се до објавување на пресудата за Ласкарци

Следно

Серија претреси во повеќе градови, пронајдена дрога, приведени дилери

Latest from Blog

Холандските обвинители работат на блокирање на извозот на делови за авионите Ф-35 во Израел

ХАГ (АА) – Главниот обвинител на холандскиот Врховен суд побара одобрување на одлуката на Апелациониот суд за стопирање на извозот на делови за борбените авиони Ф-35 во Израел, се вели во официјалното

Во тешка сообраќајка загина Живко Пејковски, поранешен пратеник

Во сообраќајна незгода денеска загина Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на затворот „Идризово“. Веста за неговата смрт ја потврди и неговиот син преку објава на социјалните

Фетаи: Неселективна и примерна правда за кривични дела говор на омраза и нетрпеливост

Потпретседателот на Владата на Македонија, одговорен за политиките на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска го осуди палењето на македонското и албанското знаме, опишувајќи ги како кукавички чинови, кои сведочат за опасниот раст

Скаловски: Институтот за родови студии е во алармантна состојба поради недостаток на кадар

Семејното насилство, фемицидите и дискриминациите, во отворена или камуфлирана форма, и натаму опстојуваат за жал, и тоа е и светски тренд. Но тоа не смее да биде оправдување за да се откажеме

Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година

Собраниската Комисија за финансирање и буџет вечерва го заврши претресот на амандманите по Предлог-буџетот за 2025 година. По амандманската расправа, како Дополнет предлог-буџет документот се враќа во Владата на финално одобрување по
Go toTop