ЗНАМ: Коалицијата СДСМ-ДУИ-Левица се обидуваат да ја опструираат работата на Собранието

January 17, 2025
1 min read

Пратеничката група на Движењето ЗНАМ денеска обвини дека СДСМ, ДУИ и Левица се обидуваат да ја опструираат работата на Собранието и носењето на важни закони.

Координаторот на пратеничката група на ЗНАМ, Бобан Карапејовски попладнево на прес-конференција во Собранието рече дека вакви обиди ќе има и понатаму, но дека како пратеничка група тоа нема да го дозволат.

– Вчера овие партии успеаја да го обесмислат институтот опозициски пратенички прашања на тој начин што наместо самите да ги поставуваат прашањата, бараа паузи и одлагање на седницата. Денес, пак, најпрво Левица побара пауза, а ние мислевме дека тоа е за да ја соберат својата пратеничка група и да бидат присутни. По паузата ниту еден претставник на политичката партија Левица не беше присутен. Веднаш потоа нивниот главен коалициски партнер ДУИ повторно побара пауза, наводно затоа што не биле материјалите преведени и на албански јазик, иако сите се уредно преведени. Сега очекуваме нивниот најмал коалициски партнер СДСМ да побара пауза. Главната цел зошто ова го прават е друга – опструкција на работата на Собранието и на многу важни закони кои што се на дневен ред, а со кои ќе се одблокира процесот со кој околу илјада инспектори во државните инспекторати да си ја земат платата. Вчера да не ги правеа овие опструкции, најверојатно веќе денес овие инспектори ќе си ја земеа платата. Оваа коалиција која се официјализира во Собранието ни покажува дека не само во врска со ова, туку и за многу други теми заедно ќе соработуваат и понатаму ќе се обидат да ја опструираат работата на Собранието и целата реформска агенда, рече Карапејовски.

Пратениците од македонската опозиција на почетокот на денешната собраниска седница реагираа во однос на тоа што седниците се закажуваат во последен момент и дека се закажуваат во петок кога обично имаат средби со граѓани.

-Согласно член 8 став 1 алинеја 1 од Законот за Собранието пратеникот покрај редовната работа во Собранието, остварува и контакт со граѓани. Согласно член 36 став 2 од Законот за Собранието секој петок се определува како ден за контакт на пратениците со граѓаните, избирачите во избирачката единица. Од нашиот координатор бевме информирани дека на последната координација е договорено петок да нема седници за пратениците да можат да остваруваат контакт со граѓани во нивните избирачки единици. Јас не знам какво е ова одржување на седница во петок која е закажана од денес за денес. Решението е од 17 јануари. Од денес петок за денес. СМС добивме во 9:45 часот наутро дека за три часа ќе има седница. Дел од колегите од нашата пратеничка група имаа закажано средби со граѓани. И јас имав закажано средби. Среќа што ми откажаа за утре. И немаше да дојдам. И што ќе беше после муабетот? Овој не доаѓа и затоа нема право на патни трошоци. Ова сега се финти. Вака финти ќе правиме. Од петок за петок ќе закажуваме седници? За да правите земање патни трошоци преку 10.000 евра годишно, така? И како знае мнозинството дека денеска ќе има седница? Зошто опозицијата не знае?, рече Сашко Јанчев од Левица.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Повторно функционира амбуланта на Попова Шапка

Следно

Макрон бара „целосно“ повлекување на израелските сили од Либан

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop