Знаеле за миокардитисот, ама нејќеле да паничат

January 26, 2024
1 min read

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (CDC) во 2021 година имал подготвено нацрт предупредување за врските меѓу миокардитисот и вакцините на Фајзер и Модерна и се чини дека биле подготвени да го објават преку системот за алармирање на здравствените инсистуции, покажуваат внатрешните документи.

Алармот никогаш не беше испратен.

Се расправало за добрите и лошите страни на пуштање на едно такво известување но надлежните не сакале да изгледаат како паничари.

„Одлуката на CDC да не издаде промптно предупредување до лекарите  за зголемениот ризик од миокардитис и перикардитис кај вакцинирани лица не само што е неоправдана, туку е е злоупотреба и небрежност“, коментира сенаторот Рон Џонсон од Комитетот за внатрешна безбедност и владини прашања на Сенатот.

Тој порачува дека ЦДЦ никогаш не треба да дава приоритет на тоа како ќе биде перцепиран  во јавноста и бара одговорност од надлежните иако засега е нејасно кој конкретно решил за предупредувањето да не се дознае.

Ким Вицак, застапничка за безбедност на лекови, која помогна да се убедат регулаторите да додадат предупредување за самоубиство кај антидепресивите, рече дека потегот на Центарот да го минимизира воспалението на срцето се вклопува во долгогодишниот модел на нетранспарентност на агенциите и компаниите за лекови.

„Не ми се верува дека дискутирале за тоа дали да алармираат или не. Треба да ги алармираме луѓето! Луѓето треба да знаат за потенцијалните проблеми со кои можат да се соочат“, изјави таа.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мајка пријавила дека двајца малолетници ја допирале нејзината ќерка

Следно

Медведев со огромен пресврт во финалето на Австралија Опен

Latest from Blog

Битола високо рангирана во проектот „Заедници со интегритет“, потенцира Коњановски

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се

Божиновска најавува модернизација и регионални партнерства за енергетска стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес на Зимското собрание на EDS зборуваше за енергетската безбедност како тема која веќе не е само за експерти, туку за секој граѓанин.
Go toTop