Screenshot

Зимска приказна во Битола со концерти и настани на повеќе локации

December 29, 2025
1 min read

Битола и овој понеделник, 29 декември, нуди разновидна празнична програма во рамки на „Зимска приказна“, со настани на повеќе локации низ градот, наменети за сите генерации.

Дневната програма на Старата чаршија започнува во 12 часот со настап на група Амалија, по што следуваат група Конзули од 13 до 14 часот и Модус бенд од 14 до 15 часот. Од 15 до 16 часот публиката ќе може да ужива во настапот на Чалче и Тајфата.

Вечерната програма на Офицерски дом започнува во 19 часот со новогодишна караоке-соба, која ќе трае до 22 часот. Во истиот термин, од 19:30 до 20:30 часот настапува Екстра бенд, од 20:30 до 21:30 е концертот на Деспина, а од 21:30 до 22:30 ќе настапи групата The Groove. Вечерта ќе биде заокружена со настап на Ѓоко Танески од 22:30 до полноќ.

 

На други локации низ градот, најмладите ќе имаат можност во 10 часот да се фотографираат со Дедо Мраз во ОУ „Кочо Рацин“ во Битола. Во 18 и 18:30 часот во Bliss Mall ќе се одржат детски театарски претстави „Новогодишна ноќ“ и „Снежна бајка“.

Во 19 часот во НУ Центар за култура, Големата сала, ќе се одржи новогодишен концерт на Државното музичко училиште, додека од 21:30 часот во Пионерскиот book bar ќе се одржи музички концерт на Stefanijazz. Празничната атмосфера ќе биде збогатена и со празничниот автобус со DJ BerryQyat, кој ќе сообраќа од 21 до 23 часот.

Организаторите најавуваат уште една вечер исполнета со музика, забава и новогодишен дух во Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За Јарецот деловните теми ќе доминираат, а Девиците да оддржуваат рамнотежа

Следно

16 лица загинаа во пожар во дом за стари лица во Индонезија

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop