Живот меѓу мртвите: Гробиштата во Манила се дом на 6.000 Филипинци

September 12, 2024
1 min read

МАНИЛА (АА) – Гробиштата во Манила се познати низ светот бидејќи на ова место живеат околу 6.000 сиромашни жители на главниот град на Филипини, известува Анадолу.

„Северни гробишта“ од 1950 година се претворени во сиромашен кварт за оние што не се во можност да си дозволат дом во Манила.

Меѓу мртвите на гробиштата живеат околу 6.000 лица, а нивното секојдневје го обележуваат сиромаштијата и борбата за опстанок.

Некои од нив добиваат по 10 долари годишно од семејствата на починатите за да се грижат за гробовите на нивните најблиски.

Жители на оваа несекојдневна населба се возрасни, деца и постари лица. Во текот на летните месеци овие луѓе се соочуваат со екстремно високи температури што дополнително им ги отежнуваат условите за живот.

И покрај сите предизвици, дури и најсиромашните наоѓаат смисла и среќа во оваа необична средина, зајакнувајќи го чувството на заедништво и припадност.

Владата на претседателот Фердинанд Ромуалдез Маркос Џуниор во август предложи буџет во износ од речиси 100 милијарди евра за 2025 година наменети за подобрување на транспортот, земјоделството, здравството, инфраструктурата и образованието. Најзагрозените Филипинци низ земјата се надеваат дека оваа иницијатива ќе донесе промени и ќе ги подобри условите за живот во земјата погодена од сиромаштија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Подготвена е Национална стратегија за управување со отпад (2024-2036)

Следно

Столе Димитриевски најдобар голман во второто коло од Лигата на Нации (ФОТО)

Latest from Blog

Најмалку десет мртви, повеќе од 20 повредени во експлозија во џамија во Нигерија

Најмалку десет лица загинаа денес кога, според нигериските власти, бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа за време на молитва во џамија во градот Мајдугури, главниот град на државата Борно во Нигерија, изјавија безбедносни

,,Доктор Филипче потпиша евтаназија на СДСМ‘‘

„Македонското законодавство познава убиство од небрижност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само)убиство со умисла!‘‘. Оваа порака со која поранешниот градоначалник на Скопје и висок функционер на СДСМ, Петре Шилегов

Зидан се појави на КАФ за да навива за својот син кој брани за Алжир

Легендарниот француски фудбалер, Зинедин Зидан, беше присутен на трибините на стадионот „Мулај Ел Хасан“ во Рабат на натпреварот меѓу Алжир и Судан на Купот на африканските нации. Причината е тоа што неговиот

Песков: Преговорите за Украина треба да се водат зад затворени врати

Руската страна сè уште верува дека преговорите за решение на конфликтот во Украина треба да се водат зад затворени врати, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков. Во својата изјава за РБЦ,
Go toTop