Жито Лукс го одбележува Светскиот ден на лебот со донација од 8.000 лебови за оние на кои им е најпотребно

October 17, 2026
1 min read

(Скопје, 16.10.2026) – По повод Светскиот ден на лебот, Жито Лукс и оваа година ја продолжува традиционалната хуманитарна акција во соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија. Во периодот од 14 до 20 октомври, компанијата ќе донира вкупно 8.000 лебови за граѓаните и семејствата на кои поддршката им е најпотребна.

Донацијата ќе биде распределена преку регионалните центри на Црвениот крст низ државата, со цел да стигне до најранливите категории граѓани и да придонесе во обезбедувањето на нивните секојдневни оброци.

Иницијативата традиционално се реализира по повод Светскиот ден на лебот, кој се одбележува на 16 октомври и потсетува на значењето на една од основните прехранбени намирници, но и на фактот дека за многу луѓе обезбедувањето на основните производи сè уште претставува секојдневен предизвик.

 

Лебот отсекогаш имал посебно место во животот на луѓето. Низ историјата бил основна храна, но и симбол на благосостојба, споделување и заедништво. Во македонската традиција и денес е неизоставен дел од семејната трпеза, присутен во секојдневните оброци, но и во бројни обичаи и семејни прослави.

„Лебот е дел од нашата традиција, од нашето секојдневие и од речиси секоја семејна трпеза. Низ генерациите тој ја задржал својата вредност како основен прехранбен производ, но и како симбол на грижа, споделување и заедништво. За нас во Жито Лукс, компанија која годинава одбележува 80 години постоење, оваа поврзаност со луѓето има особено значење. Веруваме дека нашата одговорност не завршува со производството на квалитетен леб, туку продолжува и преку поддршката што ја даваме на заедницата. Со оваа традиционална донација сакаме да покажеме дека и малите, секојдневни нешта можат да направат голема разлика во нечиј живот“, изјави Стефанија Ракиќ, директор за човечки ресурси и комуникации во Жито Лукс.

Од Црвениот крст ја истакнуваат важноста на континуираната соработка со компаниите кои преку конкретни активности придонесуваат за поддршка на ранливите категории граѓани.

„За многу семејства со кои работиме, обезбедувањето на основните прехранбени производи претставува секојдневен предизвик. Токму затоа, ваквите донации имаат големо значење, бидејќи овозможуваат конкретна и навремена помош за луѓето на кои им е најпотребна. Ја поздравуваме долгогодишната поддршка од Жито Лукс и нивната посветеност на хуманоста и солидарноста. Ваквите партнерства покажуваат дека со заедничко дејствување можеме да придонесеме за подобро секојдневие на нашите сограѓани“, изјавија од Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Со оваа иницијатива, Жито Лукс уште еднаш ја потврдува својата посветеност на општествената одговорност и грижата за заедницата, продолжувајќи ја традицијата на дарување и солидарност. Во годината кога одбележува осум децении постоење, компанијата потсетува дека вредноста на лебот не е само во неговото место на трпезата, туку и во можноста да се сподели со оние на кои им е најпотребен.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЕРО Центар ја слави традицијата со манифестацијата „Домашно со љубов“

Следно

ВЕРО Центар ја слави традицијата со манифестацијата „Домашно со љубов“

Latest from Blog

Тоневски: Нов асфалт и тротоари за подобра сообраќајна безбедност во Пробиштип

Дел од улицата „Никола Карев“ во Пробиштип се реконструира за да се обезбедат подобри услови за одвивање на сообраќајот, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот предвидува целосно отстранување на стариот

ВЕРО Центар ја слави традицијата со манифестацијата „Домашно со љубов“

Скопје, 17 октомври 2026 – Мирисот и вкусот на домашното, традиционалните ракотворби и вредностите што се пренесуваат од генерација на генерација се во фокусот на манифестацијата „Домашно со љубов“, која од 16

ВЕРО Центар ја слави традицијата со манифестацијата „Домашно со љубов“

Мирисот и вкусот на домашното, традиционалните ракотворби и вредностите што се пренесуваат од генерација на генерација се во фокусот на манифестацијата „Домашно со љубов“, која од 16 до 18 октомври се одржува

Нојер е неизвесен за мечот против Лајпциг, но ако брани – со сигурност нема да загуби

Мануел Нојер попладнево би можел да стане најстариот фудбалер што настапил за Баерн Минхен во Бундеслигата. Германскиот голман, доколку заигра против Лајпциг, ќе има 40 години и 204 дена и ќе го
Go toTop