Жестоко израелско бомбардирање и гранатирање околу болницата Ал Кудс во блокираниот Појас Газа

November 5, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Израелските сили веќе неколку часа изведуваат жестоки воздушни и артилериски напади на подрачјето на Појасот Газа каде се наоѓа и болницата Ал Кудс, известува Анадолу.

Станува збор за болница во која се наоѓаат илјадници ранети и раселени Палестинци од различни делови на Појасот Газа, а локалните извори известуваат дека израелските сили од утринава го бомбардираат подрачјето околу комплексот на здравствената установа.

Во бомбардирањето има загинати и ранети на десетици луѓе, но нема прецизни информации за бројот на жртвите.

На социјалните мрежи се објавуваат снимки кои покажуваат како густ дим се издига на многу места околу болницата

– Во болницата се засолнети 14.00о раселени Палестинци

Нибал Ферсах, еден од официјалните лица на палестинската Црвена полумесечина, на новинарите им потврди дека подрачјето околу болницата Ал Кудс со часови е изложено на израелски воздушни и копнени напади.

Ферсах рече дека во болницата се засолнети илјадници раселени и стотици ранети Палестинци.

„Не знаеме колку лица загинаа или се ранети во денешните напади. Ситуацијата е многу критична. Окупаторските сили извршија многу прекршоци над медицинскиот персонал. Не можеме да молчиме и за оваа ситуација“, рече Ферсах.

Тој информираше дека во болницата се засолнети 14.000 раселени, воглавно деца и жени, и додаде дека со луѓе е исполнет секој дел од болницата, вклучувајќи ги и скалите, ходниците и просториите, освен одделението за интензивна нега и операционите сали.

Ферсах ја повика меѓународната заедница под итно да ги заштити сите болници, здравствени работници и возила на истаната помош кои делуваат во Газа.

– IFRC повика на заштита на болниците

Јаган Чапагаин, генералниот секретар на Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, изрази длабока загриженост поради тешката ситуација околу болницата Ал Кудс во Газа.

Чапагаин на социјалната мрежа Х ги осуди многу интензивните и тешки воздушни и артилериски напади околу болницата.

„Длабоко сум загрижен поради тешката ситуација во близина на болницата Ал Кудс. Поради настанатата ситуација, нашите тимови на Црвената полумесечина не се во можност да укажат прва помош“, рече Чапагаин.

Тој наведе дека болниците се места за помош и засолништа и повика на заштита на таквите места.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

По 70 години од почетокот на истражувањата на локалитетот Стибера се прави гео скенирање

Следно

Мицкоски за криминалот во здравството: Ќе влеземе озбилно да истражуваме и озбилно ќе вадиме луѓе од таму со лисици

Latest from Blog

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги

Зи-Зу веќе има договор и наскоро седнува на селекторската клупа на Франција

Француската фудбалска федерација постигна принципиелен договор со Зинедин Зидан за негово назначување за главен селектор на националниот тим, објави „Ел Национал“. Како што беше претходно објавено, 53-годишниот специјалист ќе го замени Дидие
Go toTop