Жестоки критики по очајното деби: Тудор е кукавица, ни требаше храбар тренер!

February 23, 2026
1 min read
фото: Tottenham Hotspur (X)

Игор Тудор вчера го имаше своето деби на клупата на Тотенхем – и тоа со најтешкото можно сценарио. Големото дерби на северен Лондон против Арсенал, првиот фаворит за титулата, заврши со тежок пораз од 4:1 пред домашните навивачи.

Наместо позитивен шок и нова енергија, Тудор доби ладен туш. Тотенхем сега е на 16-то место со 29 бода, само четири над зоната за испаѓање. Во време кога се очекуваше новиот менаџер да реагира, следеше настап што ги загрижи и навивачите и аналитичарите.

„Игор Тудор не е тој. Поставата беше ужасна. Ни требаше тренер со храброст. Некој што ќе ја пополни очигледната дупка во тимот, кој ќе игра со крилни играчи кои можат да ја држат ширината, но НИШТО да не прават од тоа! Исто како со Френк. Кукавица“, е еден од коментарите што се проширија низ социјалните мрежи.

Би-Би-Си верува дека Спарс имаат доволно квалитет за да останат во лигата, но предупредуваат колку би било катастрофално испаѓањето.

„Неверојатно е што воопшто споменуваме дека Спарс би можеле да испаднат. Тоа е апсолутно смешно. Без разлика дали го обвинувате регрутирањето на играчи или сопствениците, тоа би било катастрофа за тој клуб“, рече колумнистот Дени Марфи.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тоневски: Пробиштип вложува над 5 милиони денари во училишна инфраструктура

Следно

Тоневски најави реконструкција на спортската сала во ООУ „Никола Карев“ во Пробиштип – Инвестиција во младите и спортот

Latest from Blog

Мерц: Израелските напади врз Либан го загрозуваат примирјето со Иран

Германскиот лидер изјави дека Берлин со голема загриженост ја следи ситуацијата на Блискиот Исток, откако САД и Иран претходно неделава се договорија за двонеделно примирје, јави ДПА. – Интензитетот со кој Израел

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, и врачи Благодарница “Илинден“ на Марјана Дода, главен и одговорен уредник на “Аргументум.ал“ во Тирана

Благодарницата и беше доделена по повод 17-годишнината од формирањето на друштвото. „Ми претставуваше посебна чест, во име на Македонското друштво ‘Илинден’ – Тирана и Македонското национално малцинство во Република Албанија, лично да
Go toTop