„Жените се срцето на енергетската транзиција“: Божиновска ја нагласи улогата на жените во одржливиот развој

October 31, 2025
1 min read

На меѓународниот панел „Women in Energy“, кој се одржа во рамките на IFESD – 14th International Forum on Energy for Sustainable Development, македонската министерка за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска испрати силна порака за родова еднаквост, визија и лидерство во енергетскиот сектор.

„Зборувам не само како министерка, туку и како жена која верува дека енергетиката не е машки свет – тоа е свет на визија, знаење и храброст,“ истакна Божиновска во воведното обраќање, додавајќи дека гордо раководи со Министерство кое денес е пример за рамноправност и компетентност без полови разлики.

Таа откри дека при преземањето на функцијата си дала ветување – да ја промени перцепцијата дека енергетиката е „машки свет“. „Не е. Тоа е наш свет – на жените и мажите што поседуваат знаење, визија и волја,“ нагласи министерката.

 

Божиновска со гордост посочи дека во Министерството за енергетика повеќето оддели ги водат жени – стручни, посветени и инспиративни. „Тие се доказ дека компетентноста нема пол,“ рече таа, истакнувајќи ја и својата улога како амбасадорка на регионалната мрежа WOBA – Women on Board Adria, преку која ги поддржува жените лидери во целиот регион.

Во емотивното обраќање, министерката испрати порака и до младите жени: „Не чекајте дозвола за да водите – заземете го своето место. Не ги замолчувајте своите идеи – кажете ги гласно. Не се сомневајте во својата сила – посилни сте отколку што мислите.“

Таа ја нагласи суштината на феминизмот не како натпревар со мажите, туку како сојузништво. „Вистинскиот напредок се случува кога мажите и жените стојат рамо до рамо, како партнери што веруваат во истата визија за еднаквост и развој,“ подвлече Божиновска.

Форумот се фокусираше на постигнување инклузивна и праведна глобална енергетска транзиција, во која жените имаат централна улога. Со поддршка на УНДП, Македонија е меѓу земјите што активно ја промовираат родовата рамноправност во енергетиката, преку програми кои им овозможуваат на жените пристап до зелено финансирање, стручни обуки и лидерски позиции.

На крајот од говорот, Божиновска со емоција ги цитираше зборовите на Маргарет Тачер: „Ако сакате нешто да се каже – прашајте маж; ако сакате нешто да се направи – прашајте жена.“

„Да бидеме тие жени што прават – што водат, инспирираат, создаваат и ја напојуваат енергетската иднина,“ порача министерката, заклучувајќи: „Кога жените се издигнуваат – се издигнува и општеството. Кога жените водат – државите напредуваат. А кога жените го заземаат своето место во енергетиката – светлината свети посилно, за сите.“

Извор: Женски Магазин

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Летонија ја напушта Истанбулската конвенција

Следно

Граѓаните реагираат жестоко: Мециновиќ со лавина критики на интернет

Latest from Blog

Муцунски од Дубровник: Не постои „северномакедонски“ народ, целта ни е успешно да ги завршиме преговорите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-дискусијата „The EU and the

Чартерот за дома откажан, Уругвај си замина од Мундијалот со комерцијални летови

Репрезентацијата на Уругвај шокирачки е елиминирана уште во групната фаза од Мундијалот. Јавноста во оваа земја не може да поверува што се случи, затоа што Уругвај беше рангиран како еден од скриените

Истрага на WSJ: Иран направи голема штета на клучната поморска база на САД (ВИДЕО)

Овој развој доаѓа откако иранските ракетни и беспилотни летала предизвикаа многу поголема штета отколку што јавно призна Пентагон. Истрагата, заснована на сателитски снимки, видеа на социјалните медиуми и официјални документи на Министерството
Go toTop