Жена и нејзините четири деца пронајдени мртви во стан близу Париз, полицијата трага по таткото

December 26, 2023
1 min read

Обвинителот Жан Батист Бладие за француските медиуми потврдил дека во тек е истрага на судската полициска служба на Версај. Според него, во станот немало знаци од насилно влегување, а таткото на децата не бил присутен внатре

Во тек е истрага на надлежните власти во Париз, откако безживотни тела на шест лица, од кои четири деца, биле пронајдени во стан во предградие североисточно од главниот град на Франција, пренесува Би-би-си.

Полициска лента за ограничување на зона на движење (Илустративна фотографија) / Фото: EPA-EFE/TERESA SUAREZ

Жртвите, како што се наведува, се жена и нејзините четири деца на возраст од девет месеци до 10 години, соопштило обвинителството.

Нивните тела биле пронајдени доцна синоќа, во градот Му, оддалечен 40 километри од француската престолнина.

Полицијата трага по 33-годишниот татко, кој се претпоставува дека е во бегство. Таа била аларамирана од роднини на жртвите, откако не успеале да стапат во контакт со семејството.

Обвинителот Жан Батист Бладие за француските медиуми потврдил дека во тек е истрага на судската полициска служба на Версај.

Според обвинителот, во станот немало знаци од насилно влегување, а таткото на децата не бил присутен внатре.

Инаку, како што пишува Би-би-си, во регионот на Париз неодамна е забележна серија на случаи на чедоморство.

Кон крајот на ноември, 41-годишен маж признал дека ги убил своите три ќерки, на возраст од четири, 10 и 11 години и се предал. Полицијата ги пронашла мртви во неговиот дом во градот Алфорвил, во југоисточното предградие на главниот град

Во октомври, полицаец ги убил своите три ќерки пред да се убие во својот дом во Вемарс во Вал-Д’Оаз.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дедо Мраз утре пристигнува во Паркот на бранителите во Кисела Вода

Следно

Само вчера 139 сообраќајни санкции изречени во Скопје

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop