Жан Митрев со честитка за Божиќ: Им простувам на ИРЛ, ќе ја повлечам тужбата против нив

January 8, 2023
1 min read

„Целта не ми е да се тужам со медиумите, туку да ја докажам правдината. Но, за се што сториле Бог нека им суди. Јас им простувам и тужбата ќе ја повлечам“, напиша Жан Митрев во божиќната честитка на Фејсбук

Денес е ден кога им простуваме на сите кои ни направиле лошо, затоа им простувам на ИРЛ кои ми нанесоа голема неправда и ќе ја повлечам тужбата против нив. Но, за се што сториле Бог нека им суди.

Ова се зборовите на доктор Жан Митрев кој синоќа на својот фејсбук-профил објави божиќна честитка во која, меѓу другото, најави дека ќе ја повлече тужбата против Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ).

„Денес е денот кога на сите им посакуваме само добро. Денес е ден кога им простуваме на сите кои ни направиле лошо. Минатата година ИРЛ ми нанесоа многу неправда со организирана пропаганда и ширење невистини преку јавни медиуми. За тоа поднесов и тужба против нив. Целта не ми е да се тужам со медиумите, туку да ја докажам правдината. Но, за се што сториле Бог нека им суди. Јас им простувам и тужбата ќе ја повлечам“,

пишува Митрев во честитката за Божиќ.

Во честитката тој додава дека Божиќ е денот кога се родила надежта оти доброто ќе го надвладее злото и денот кога сето лошо што се случило треба да се заборави.

Жан Митрев поднесе тужба до Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) откако медиумот ја објави сторијата „Нечиста крв“ во која беа приложени изјави од сведоци, документи, ставови од институции па и од самиот Жан Митрев – дека приватната болница дебело наплаќала за т.н. хемофилтрација при лечење на болни од ковид-19, а таа метода била клиничко испитување и не била пријавена пред надлежната Агенција за лекови (МАЛМЕД).

Според Митрев, наводите на ИРЛ биле „лажни и исценирани“, а со нив се фрлило сомнеж на работата на клиниката. и кажа дека ќе дојде време кога ќе покаже од каде доаѓа овој „оркестриран напад“.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

КФОР го одби барањето на Белград за враќање на српските безбедносни сили во Косово

Следно

Вучиќ: КФОР го одби нашето барање за враќање на српските сили во Косово

Latest from Blog

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ

Општина Битола: До 19 ноември може да предложите волонтер или волонтерска акција за локална награда

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2026 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот

Канадски министер за енергетика: Рударството влегува во најголемиот инвестициски суперциклус во историјата

Светот влегува во досега најголемиот инвестициски суперцикл во историјата на металургијата и рударската индустрија, изјави канадскиот министер за енергетика и природни ресурси, Тим Хоџсон, за време на неговото обраќање во Лондон. Според него,

Рударството во пад: Димов повикува на развој заснован на знаење и стручност

Падот на индустриското производство во рударскиот сектор продолжува и во септември, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во услови кога вкупното индустриско производство во државата бележи раст од 2,4%, рударството

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот
Go toTop