Зголемување на пензиите, неизвесно е дали ќе има линеарно зголемување

June 28, 2025
1 min read

Сè уште не е одлучено дали пензиите во септември законски ќе се усогласат според постојниот Закон или ќе има ново линеарно зголемување. Ова значи дека ако се сака линеарно зголемување ќе треба Собранието да интервенира во законското решение.

„Во овој момент е така поставено. Додека не биде некоја промена дали ќе биде линеарно или процентуално останува процентуалното. До сега немам некои најави од страна на Министерството за социјална политика демографија и млади дека ќе има некаква промена. Суштината е ние како Министерство за финансии да им ги обезбедиме средствата кои што ќе значат раст“, изјави Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии.

Ако се примени постојното законско решение, сите пензионери ќе имаат повисока пензија за одреден процент. Ако се примени сега методологијата, усогласувањето би било за 6,9 отсто.

Ова значи дека најниските пензии најмалку ќе добијат, а највисоките најмногу во апсолутен износ.

Димитриеска Кочоска појасни и дека дополнителната милијарда денари за ПИОМ со ребалансот е бидејќи не се оствариле одредени приходи во изминатиов период.

„Станува збор за неостварување на проектираните приходи во рамки на Пензискиот фонд и потреба од пренасочување на средства кон нив од страна на буџетот“, изјави Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии.

Инаку, со ребалансот на буџетот кон ПИОМ се префрлени дополнителни 2,5 милијарди денари или околу 41 милион евра, од кои 16 милиони се за првиот столб, а 24 за потребите на вториот пензиски столб.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пет конфискувани станови на Груевски и земјиште на Мијалков излегуваат на пазар за речиси 3,5 милиони евра

Следно

Монако го врати Погба во фудбалот

Latest from Blog

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и

Коњановски: Битола е пример за интегритет и транспарентност

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се

Битола високо рангирана во проектот „Заедници со интегритет“, потенцира Коњановски

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop