Зголемените плати, по празниците – културните работници најавија протест, без плати за Велигден

April 19, 2025
1 min read

Над 3.000 вработени во институциите од културата останаа без плата на најголемиот христијански празник Велигден. Покрај на социјалните мрежи, револтот ќе го искажат пред ресорното министерство. За вторник закажаа протестен Совет на кој ќе си ги бараат своите работнички права.

Својот револт ќе го искаже во вторник во 12 часот пред Министерството за култура. Проблемот за платите настана кога требаше да биде усогласена мартовската плата согласно минималната плата според колективниот договор за култура. И како и до сега, изминативе години остануваат спорни 10-те проценти од општиот колективен договор за јавен сектор кои што се спорат само во секторот култура, изјави Вера Атанасовска, претседателка на Синдикатот за култура на РМ.

Од Синдикатот се сомневаат во „игри“ со платите, откако Министерството предложи да ја добијат платата без усогласувањето со минималната, а потоа да се договараат.

Од Министерството за култура соопштија дека вработените ќе добијат плата со потребното зголемување,после празниците.

-Вработените во институциите од областа на културата ќе ги добијат своите плати со потребното зголемување во првите два работни дена следната недела, согласно со Закон и Колективниот договор. Причините за доцнењето е заради усогласување на пресметките за плати со Министерството за финанасии, велат од министерството за култура и туризам.

Од синдикатот најавуваат и правна битка за непочитување на Закон и Колективен договор. А најавуваат и кривични пријави доколку наредната недела не го добијат усогласувањето од 8,5 проценти со минималната плата.

-Ќе бидат поднесени тужби за ненавремена исплата на плати, како и секогаш за задоцнета исплата на плата согласно колективниот договор од 10-ти во месецот, наназад три години со парично побарување. И доколку се исплати платата без усогласувањето со минималната плата ќе се поднесат и кривични пријави за изготвувачите на таква незаконска плата, изјави Вера Атанасовска, претседателка на Синдикатот за култура на РМ.

Над 120.000 вработени во јавниот сектор со мартовската плата требаше да добијат усогласување од 8,5 проценти со минималната плата, и околу 12 проценти зголемување на платите согласно Општиот колективен договор. Владата месецов ги повика Синдикатите на консултации, а зголемувањето од 12% со Општиот колективен договор речиси никој не го доби.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Опозицијата бара проширување на истрагата за пожарот во Кочани: Правдата не смее да биде селективна

Следно

Путин прогласи едностран 30-часовен прекин на огнот поради Велигден

Latest from Blog

Американски воени бродови се распоредија на Хаити

Американските бродови „УСС Стокдејл“ (USS Stockdale), „УСЦГЦ Стоун“ (USCGC Stone) и „УСЦГЦ Дилиџенс“ впловија во заливот Порт-о-Пренс за да „ја одразат непоколебливата посветеност на САД на безбедноста, стабилноста и посветлата иднина на

Попладнево нова блокада на патот Битола-Ресен

Патниот сообраќај на магистралниот пат А3 Битола – Ресен над населбата Баир во Битола од 14:30 часот е во прекин бидејќи во тек е јавен собир, информира попладнево Авто-мото сојуз на Македонија.

Цаневска: Колку и кога ќе стигнат автобусите за ЈСП, Ѓоргиевски: Владата ќе набави 100, но не можам да кажам дали ќе стигнат до крај на годинава

Јавниот превоз беше една од темите на советнички прашања во Советот на Град Скопје. „Во ноември 2025 ветивте дека во март 2026 се очекува, во координација со Владата, да пристигнат 80 нови

Проданоски со планови за целосна реконструкција на пазарот во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска, на пазарен ден, заедно со директорот на ЈКП „Пазари“, изврши обиколка на градскиот пазар и оствари директни разговори со сограѓаните и пазарџиите. Градскиот пазар во

Коњановски: „Приказната за Силјан“ носи ново филмско доживување за битолчани

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, информираше дека денеска остварил средба со продуцентот на филмот „Приказната за Силјан“, Јорданчо Петковски, по повод вечерашната премиера на филмот во Битола. Како што истакна Коњановски, особена
Go toTop