Зголемен сообраќај на патиштата, кратки застои на граници и нови ограничувања за камионите

July 5, 2025
1 min read

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено по суви коловози, но интензитетот на возила надвор од градските средини е забележливо зголемен. Според АМСМ, на граничниот премин „Богородица“ се чека од 20 до 30 минути, а на „Табановце“ меѓу 30 и 40 минути; на останатите премини нема подолги задржувања.

Автомотосојузот апелира возачите да ја прилагодат брзината и строго да ја почитуваат сигнализацијата, особено на ризичните делници низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои опасност од одрони – Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.

Летен режим за тешки товарни возила

Од 1 јули до 31 август стапи во сила летниот временски режим што ја ограничува циркулацијата на камиони потешки од 15 тони за време на викендите, како и во денови со екстремно високи температури:

  • Петок: 17:00–22:00
  • Сабота: 09:00–18:00
  • Недела: 09:00–22:00

Во денови кога Министерството за здравство ќе прогласи екстремни горештини, забраната ќе важи и од понеделник до четврток, во периодот 11:00–17:00 часот.

Исклучени од ограничувањето се возила што превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и леснорасиплива стока, како и цистерни со гориво, опасни материјали и камиони ангажирани на проекти на ЈП „Државни патишта“.

Посебен режим кон Охрид

За да се ублажат метежите на најфреквентниот туристички правец, на магистралниот пат А2 (Скопје–Охрид–Скопје) до 1 септември е забрането движење на товарни возила потешки од 7,5 тони за викендите:

  • Петок: 15:00–22:00
  • Сабота: 07:00–12:00 и 18:00–24:00
  • Недела: 07:00–22:00

Целта е побрз проток на возилата, помали гужви на наплатните рампи и поудобно патување за туристите кон Охридското Езеро.

АМСМ потсетува дека редовното следење на информации за сообраќајот, навремено планирање на патувањето и почитување на ограничувањата се клучни за безбедно и спокојно летно патување.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

По еден век забрана, повторно дозволено капењето во Сена

Следно

Тешка сообраќајка во Кичево: 17-годишен мотоциклист почина на пат кон скопска клиника

Latest from Blog

Европарламентарците кои Вучиќ и Брнабиќ ги нарекоа „олош“ ја напуштија Србија

Во делегацијата беа Расмус Нордквист од Данска и Вула Цеци од Грција, пренесе Индекс. „Благодарни сме на Европската зелена партија, копретседателот Вула Цеци и европратеникот Расмус Нордквист кои вчера застанаа со граѓаните

Откриени ретки лековити соединенија во листовите на канабисот

Истражувачки тим од Универзитетот Стеленбош во Јужноафриканската Република откри ретка група фенолни соединенија, наречени флавоалкалоиди, во листовите на канабисот, објави реномираниот научен журнал „Journal of Chromatography A“. Овие соединенија, кои досега не

Британски хирург си ги замрзнал нозете за да ги ампутира, сега е откриено зошто го направил тоа

2 Британскиот хирург Нил Хопер (49), познат како „хирургот со протези“, е осуден на повеќе од две години затвор откако судот откри дека намерно ги замрзал своите нозе пред ампутација за да
Go toTop