Зголемен број на заболени од грип: 53,6% повеќе случаи од минатата година

February 13, 2025
1 min read

Според податоците на Институтот за јавно здравје, во споредба со истата недела минатата година, се бележи значително зголемување на случаите, односно за 53,6 проценти.

„Како заклучок, може да се констатира дека се бележи пораст на бројот на заболени од вируси слични на грип, со број кој го надминува прагот за средна активност. Резултатите покажуваат широка географска активност на вирусот, а процентот на позитивност е над 10 проценти веќе пет недели по ред. Според овие податоци, Македонија се соочува со висок интензитет на вирусот на грип во тековниот период,“ изјави д-р Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ.

На Клиниката за детски болести и Клиниката за респираторни болести Козле, бројот на прегледи на деца со симптоми на грип и други респираторни болести достигнува до 200 на ден. Институтот за јавно здравје информира дека се во тек координација со Комисијата за заштита од заразни болести, но досега остануваат на сила стандардните мерки за заштита од грип.

„Како Институт за јавно здравје, апелираме граѓаните да ги следат препораките за превенција од заболувања слични на грип. Во случај на заболување, важно е да се следат препораките за самоизолација и другите општо познати мерки. Министерот за здравство пред неколку дена издаде насоки до здравствените институции за почитување на превентивните мерки, со оглед на актуелните податоци,“ додаде д-р Марија Андоновска.

Оваа сезона на грип, вкупниот број на регистрирани случаи изнесува 11.614, што претставува зголемување од 10% во споредба со минатата сезона.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Касами сака и нов државен грб и нова химна и изедначување на албанскиот со македонскиот јазик

Следно

Стоилковиќ: Изјаснувањето на граѓаните со различна етничка припадност од нивната, за да добијат работно место, е административен криминал

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop