Зеленски вели дека контраофанзивата оди побавно од посакуваното, Путин повторно најави распоредување ракети „Сармат“

June 21, 2023
2 mins read

Цитиран од  британскиот национален сервис, Зеленски вели дека воената акција не е лесна бидејќи руските сили минирале 200 000 квадратни километри украинска територија

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска изјави дека новата генерација руски интерконтинентални балистички ракети „Сармат“, кои можат да носат 10 или повеќе нуклеарни боеви глави, наскоро ќе бидат распоредени на, како што рече, „борбено дежурство“. Ова е вторпат годинава Путин да најавува распоредување на овој тип ракети

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека напредокот на бојното поле во рамките на контраофанзивата на Киев против руските сили е побавна од посакуваното.

„Некои веруваат дека ова е холивудски филм и сега очекуваат резултати. Не е така“,

вели Зеленски во интервју за Би-би-си.

Украинскиот претседател, Владимир Путин/Фото: Архива

Украина претходно објави дека во последните две недели повторно освоила осум села на југот на земјата. Иако мал, напредокот на украинските сили е најголем од ноември досега бидејќи единиците на Киев се пробиваат низ силно утврдени и минирани области под руска контрола.

Цитиран од  британскиот национален сервис, Зеленски вели дека воената акција не е лесна бидејќи руските сили минирале 200 000 квадратни километри украинска територија.

„Што и да посакуваат некои, вклучително и обиди за притисок врз нас, со должна почит, ние ќе напредуваме на бојното поле како што мислиме дека е најдобро“,

вели украинскиот претседател за Би-би-си.

На 10 јуни Зеленски потврди дека украинската контраофанзива против руските сили е започната.

Русија претходно имаше неколку месеци да ја подготви одбраната. Украинските војници допрва треба да стигнат до најтешките одбранбени утврдувања на Русија, кои се далеку од линијата на фронтот долга 1 000 километри.

Портпаролот на генералштабот на вооружените сили на Украина, Андриј Ковалев, утрово соопшти дека украинските сили освојуваат делови од територијата кон Мелитопол и Бердјанск во областа Запорожје.

Тој оцени дека напорите на украинската војска имале делумен успех во правец кон Новоданиливка – Роботине, Мала Токмачка – Вербове, Вилне Поле – Макаривка и се консолидираат на освоените линии.

Тој додал дека Украина се бори да го спречи напредувањето на руските трупи на исток, со „особено тешки борби“ кои се водат покрај Лиман во регионот на Донецк.

Во меѓувреме, денеска претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека новата генерација руски интерконтинентални балистички ракети „Сармат“, кои можат да носат 10 или повеќе нуклеарни боеви глави, наскоро ќе бидат распоредени на, како што рече, „борбено дежурство“.

Рускиот претседател, Владимир Путин/Фото: Архива

Ова е вторпат годинава Путин да најавува распоредување на ракети од типот „Сармат“.

Првично такво нешто тој најави во февруари, но експертите за западните медиуми тогаш оценија дека шансите за распоредување на ракетите се мали бидејќи оружјето сè уште не било тестирано.

Во обраќање до новата генерација дипломци на воената академија, Путин ја нагласил важноста на руската „тријада“ на нуклеарниот воен потенцијал што може да биде лансирана од копно, море или воздух, пренесува Ројтерс.

„Најважната задача овде е развојот на нуклеарната тријада, која е клучна гаранција за руската воена безбедност и глобалната стабилност…Веќе околу половина од единиците и формациите на стратешките ракетни сили се опремени со најновите системи ‘Јарс’, а трупите повторно се опремуваат со модерни ракетни системи со хиперсонична боева глава ‘Авангард’“,

рекол Путин.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Палестинска тинејџерка почина од повредите од израелски оган во Џенин, бројот на загинати се искачи на седум

Следно

Скопска врска во продажбата на „Жан Митрев“

Latest from Blog

Нови апсења во Турција: Функционери на Галатасарај и Ејупспор зад решетки

Нема крај на операцијата за сузбивање на нелегалното обложување во турксиот фудбал. Медиумите од таму јавуваат дека последно се уапсени уште 29 лица во рамките на големата истрага односно афера за нелегално

Руте: ЕУ не треба да стане целосно независна од САД во одбраната

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, смета дека Европската Унија не треба да стане целосно независна од САД во одбраната, и покрај ставот што го зазеде администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп

Тоштовски за новите полициски автомобили: Ова е прва ваква набавка по повеќе од 15, возила се целосно опремени со најсовремена технологија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски днеска при презентацијата на новите полициски возила изјави дека ова е прва ваква набавка по повеќе од петнаесет години и дека новите возила се целосно опремени

Голо Брдо на разгледница: нов придонес во промоцијата на македонската култура во Албанија

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Голо Брдо“ за првпат изработена во Република Албанија и посветена на областа Голо Брдо, содржи 15 фотографии од селата во овој крај значаен придонес во
Go toTop