Зеленски: Украина „нема да си игра“ со наративи дека не сака крај на војната

March 12, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес изјави дека неговата земја „нема да си игра“ со наративи дека Киев наводно не сака да ја заврши тековната војна со Русија, јавува Анадолу.

„Јас постојано нагласувам дека никој од нас не им верува на Русите, го поминавме тоа, но нема да си играме со наративи дека не сакаме крај на војната“, изјави Зеленски за украинските медиуми.

Во врска со предлогот на Вашингтон за 30-дневен прекин на огнот со Русија, под услов Москва да го почитува, Зеленски рече дека за него е важно партнерите на Украина во НАТО да видат дека тој е сериозен во намерата да ја заврши војната.

„Затоа мојата реакција беше дека сме подготвени за формат на тишина во времетраење од 30 дена, на начинот на кој тоа го предложи американската страна“, додаде тој.

Тој, исто така, истакна дека е рано да се зборува за дополнителни санкции против Русија доколку го прекрши прекинот на огнот, нагласувајќи дека сè ќе зависи од дијалогот меѓу САД и Москва.

„Доколку Русите покажат дека се подготвени да го прифатат американскиот предлог, тогаш верувам дека ќе има соодветни решенија. Ако не се подготвени, навистина се надеваме дека американската страна ќе го покаже токму она што го изјави“, рече Зеленски.

Тој додаде дека на темата безбедносни гаранции за Украина било дискутирано минатиот месец меѓу делегациите на САД и Русија во Саудиска Арабија и дека заедничката изјава по преговорите претставува „позитивен сигнал“.

Зеленски истакна дека за безбедносните гаранции ќе се зборува подетално доколку се спроведе прекин на огнот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кабинет на Андоновски: Помина времето кога СДСМ беше и обвинител и судија, а во монтирани процеси се жигосуваа луѓе и се изложуваа на јавен линч

Следно

Кире Лазаров против Словенија ќе насташи во следниот состав (ФОТО)

Latest from Blog

Стабилизирани цените на горивата: Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната
Go toTop