Зеленски: Украина и САД донесоа историска одлука заеднички да произведуваат оружје

September 25, 2023
1 min read

КИЕВ (АА) – Украина и Соединетите Американски Држави (САД) донесоа историска одлука за заедничко производство на оружје, особено системи за противвоздушна одбрана, изјави украинскиот претседател Владимир Зеленски, јавува Анадолу.

„Историска одлука на Соединетите Американски Држави заеднички да произведуваме оружје и одбранбени системи. Конкретно, противвоздушна одбрана“, рече Зеленски во синоќешното обраќање до нацијата, пренесе украинската државна новинска агенција Укринформ.

Тој наведе дека ќе стане реалност нешто што до неодамна било апсолутна фантазија.

„Ќе го претвориме тоа во реалност. Сите што работат за државата. А ова е нов квалитет на украинската одбранбена индустрија – многу помоќен“, нагласи Зеленски.

Напомена и дека овој аранжман ќе даде значителен економски стимул бидејќи подразбира создавање „компании, нови работни места за двата народа – за Украинците и Американците“.

Зеленски, исто така, изрази благодарност до американскиот претседател Џо Бајден и неговата администрација „и сите во Америка што ја ценат слободата и ја поддржуваат Украина“.

„Имаме јасна перспектива за новата отпорност на Украина, која ќе спречи повторување на руската агресија“, додаде Зеленски.

Украина и САД потпишаа меморандуми за соработка во рамките на одбранбено-индустрискиот сектор, се наведува во извештаите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски за случајот Онкологија: Доста со навреди на интелигенција дека за големите катастрофи во Македонија може да биде виновен кабелот, кочниците, или сестрите, а не и оние што потпишуваат договори и даваат насоки

Следно

Мицкоски за случајот Онкологија: Доста со навреди на интелигенција дека за големите катастрофи во Македонија може да биде виновен кабелот, кочниците или сестрите, а не и оние што потпишуваат договори и даваат насоки

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop