Зеленски: Тенковите од западните сојузници мора да бидат испорачани што побрзо 

January 26, 2023
2 mins read

Украинскиот претседател, во своето ноќно обраќање, исто така го повика Западот да испрати и ракети со долг дострел како и борбени авиони

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски им се заблагодари на западните лидери за одлуката да испратат тенкови за поддршка на Украина во војната со Русија, но порача дека тие треба да бидат испорачани што е можно побрзо, пишува Би-би-си. 

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски се заблагодари за помошта од Запад/Фото: Архива

Зеленски, во своето ноќно обраќање, исто така го повика Западот да испрати и ракети со долг дострел како и борбени авиони.  

Неговите коментари доаѓаат откако САД и Германија вчера објавија дека ќе испратат тенкови „абрамс“ и „леопард“ во Украина. 

Од друга страна властите во Москва ја осудија најавата за испраќање на тешките тенкови, нарекувајќи ја еклатантна провокација, додавајќи дека сите тенкови што ќе ги добие Украина ќе бидат уништени. 

 „Овие тенкови горат како и сите останати. Тие се само многу скапи“,

рече портпаролот на претседателот Владимир Путин. 

 Украинскиот претседател изјави дека му рекол на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг дека „мора да се постигне напредок во другите аспекти на нашата одбранбена соработка“ – со тоа што Украина бара да и бидат испорачани и ракети со долг дострел и артилерија. 

 Тој, исто така, врши притисок не само за брза испорака на западни тенкови, туку и тие да бидат во значителен број. 

 „Мораме да формираме таква тенковска сила, таква слободарска сила што откако ќе удри, тиранијата никогаш повеќе нема да се крене“,

рече тој. 

Американскиот претседател Џо Бајден вчера  објави дека САД ќе испратат 31 борбен тенк „абрамс“ во Украина. Одлуката за испорака на тенковите беше објавена само неколку часа откако Германија соопшти дека на украинскиот фронт ќе испрати 14 од своите „леопард 2“ тенкови. 

 Берлин, исто така, го расчисти патот за другите европски земји да донираат тенкови од германско производство од нивните сопствени залихи. 

 Украина со месеци лобираше кај западните сојузници да ја испратат тешката воена опрема, за која Киев вели дека е неопходна за успешен одговор на најзината војска против руските сили. 

Таа ги поздрави најавите како пресвртница што ќе и овозможи на нејзината војска да го врати моментумот и окупираната територија речиси една година по инвазијата на земјата од страна на Русија. 

Исто така, се додава дека тенковите би можеле да помогнат да се одврати потенцијалната руска офанзива на пролет. 

 Објавувајќи ја одлуката за испраќање на тенкови, американскиот претседател Џо Бајден рече дека Путин очекувал Европа и САД да ја ослабат својата решителност во врска со помошта на Украина. 

 „Тој погреши од самиот почеток и продолжува да греши. На Украина исто така ќе и испорачаме и делови и опрема неопходни за одржување на овие тенкови во битка“,

додаде Бајден.  

Американскиот претседател рече дека станува збор за помош на Украина да ја одбрани и заштити својата земја, а не за навредлива закана кон Русија. 

Одлуката на САД, како што наведува „Би-би-си, сепак, означува пресврт во нивната позиција, бидејќи администрацијата на Бајден веќе некое време инсистираше на тоа дека тешките тенкови „абрамс“ ќе бидат тешки за испорака, скапи за одржување и голем предизвик за  операциите на украинските војници на бојното поле. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Барселона уште не може да го регистрира Гави

Следно

Фајон: Без Уставен суд ќе бидат доведени во прашање и претседателските избори во Црна Гора

Latest from Blog

Емотивно збогум на стручниот штаб од Дешамп

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Искусниот стратег, Дидие Дешамп не успеа да ја напушти репрезентацијата на Франција со медал на Светското првенство, но неговиот тренерски штаб знаеше колку ја ценат соработката со него. Дваесет и еден

Нетанјаху оди кај Трамп со доверливи информации: „НОВА ЕСКАЛАЦИЈА Е НЕИЗБЕЖНА“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху планира да презентира нови разузнавачки податоци за напорите на Иран да ги обнови своите воени и нуклеарни програми за време на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во

Индонезија на нозе- спасени се 11 европски туристи од потонат брод, нема ни трага од капетанот

Индонезиски спасувачи денеска пронајдоа 11 преживеани европски туристи и еден член на екипажот откако нивниот глисер потона поради лоши временски услови во заливот Томини кај островот Сулавеси, но потрагата по 29-годишниот капетан

Ќерката на жената која прегази куче од Улцињ тврди: Шарпланинецот го распарчи нашето куче и нè нападна

Ќерката на жената од Македонија која беше уапсена во Улцињ, откако со автомобил прегази куче, тврди дека шарпланинецот најпрво го нападнал и усмртил нивното куче, а потоа ги нападнал и членовите на

Инфатино испратил писмо до Аргентина

gianni_infantino x Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, му честиташе на првиот човек на Аргентинската фудбалска асоцијација, Клаудио Тапија, за настапот на тимот на големиот турнир, иако „гаучосите“ останаа без трофеј во финалниот
Go toTop