Зеленски: Наскоро ќе се појави еден од најсилните сигнали дека Русија изгубила

May 25, 2023
1 min read

Ова ќе биде сигнал дека рускиот тероризам изгубил, а нашиот свет, кој се заснова на почитување на независните нации и правото на народите сами да го изберат својот пат, преживеал, рече Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја прави се што може за да го скрати времето на испорака на новите западни авиони. Во своето ноќно обраќање Зеленски рече дека првиот украински борбен авион Ф-16 ќе биде „еден од најсилните сигнали дека рускиот терор изгубил“.

„Правиме се што можеме за да го скратиме времето за постигнување резултати, до појава на нови и моќни авиони со украински пилоти на небото на Украина. Првиот украински Ф-16 ќе биде еден од најсилните сигнали од светот дека Русија ќе загуби поради сопствената агресија, станувајќи се послаба и поизолирана. Ова ќе биде сигнал дека рускиот тероризам изгубил, а нашиот свет, кој се заснова на почитување на независните нации и правото на народите сами да го изберат својот пат, преживеал“,

рече Зеленски.

Русија вчера предупреди дека сите американски борбени авиони Ф-16 испорачани на Украина ќе бидат „легитимна цел“ за Москва.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДЕНЕС СЕКОЈ Е ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ СО „ГУГЛ“, ВЕЛИ БЛАГОЈ ВЕСЕЛИНОВ ПРЕД УТРЕШНАТА ПРЕМИЕРА НА „ИВАНОВ“ ВО МНТ

Следно

Миовски: Предвреме ја завршив сезоната, но добра вест е тоа што…

Latest from Blog

Сообраќајот се одвива непречено, без застои

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за

Анчелоти го отпиша Нејмар

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Карло Анчелоти, го објави списокот на играчи за претстојните пријателски натпревари против Франција и Хрватска. Фудбалската репрезентација на Бразил ќе игра против Франција во Бостон на
Go toTop