Зеленски ја стави Одеса под воена администрација

October 15, 2025
1 min read

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го стави пристанишниот град на Црното Море, Одеса, под воена власт, поради судир со градоначалникот, објави германската новинска агенција ДПА.


Зеленски во вторник му го одзеде државјанството на Генадиј Труханов, кој беше градоначалник на Одеса повеќе од една деценија, велејќи дека поседува руски пасош.

Труханов го негира обвинението и планира да се жали на одлуката и да остане градоначалник.


Сепак, губењето на државјанството автоматски го отстранува градскиот лидер од функцијата бидејќи на украинските функционери не им е дозволено да имаат двојно државјанство, а тој се соочува со депортација.

„Премногу безбедносни прашања во Одеса се нерешени предолго“, рече вчера Зеленски, без да даде детали.


Труханов, кој постојано ја обвинува Русија за бројни напади врз Одеса, е градоначалник на стратешки важниот пристанишен град со повеќе од еден милион жители од 2014 година. Зеленски минатата недела ги обвини „локалните лидери“ на Одеса дека не прават доволно за да ги заштитат граѓаните од поплавите од минатиот месец, во кои загинаа десет лица.

Украинската разузнавачка служба СБУ соопшти дека има докази дека Труханов имал важечки руски пасош и објави фотокопија од него на Телеграм.

Со воспоставување воена администрација во Одеса, Зеленски ќе има подиректна контрола врз градот.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски: Прилепска Пиварница е гордост на градот и симбол на успешноста

Следно

Димитриеска Кочоска во Вашингтон: Партнерство со САД за посилни јавни финансии

Latest from Blog

САД: Ги бараме овие 10 луѓе и за нив нудиме 10 милиони долари

Понудата беше објавена преку програмата „Награди за правда“ на Стејт департментот, во време на американско-израелска воена кампања против Иран, по атентатот врз ајатолахот Али Хамнеи и други високи ирански функционери. Барани информации

Андоновска за КУРИР открива: Што содржат 10-те тони МНОГУ ОПАСЕН хемиски отпад и како е спречена хаварија во Македонија?

Во рамки на Институтот за јавно здравје повеќе од 10 години се чувале 10 тони опасен хемиски отпад, што можел да предизвика хаварија и претставувал голем ризик за здравјето на луѓето и

Ќе се работи на булеварот „Благоја Тоска“ – да не се паркира на потегот од кај текстилно во правец кој ОУ „Кирил и Методиј“

Ќе се работи на булеварот „Благоја Тоска“ – да не се паркира на потегот од кај текстилно во правец кој ОУ „Кирил и Методиј“. Општина Тетово ги известува граѓаните дека поради изведување

Познати се новите правила кои ФИФА ги воведува за Мундијалот

ФОТО: FIFA.COM Светската кровна фудбалска организација, ФИФА донесе неколку нови правила кои што се базираат врз брзината, правичноста и правилното функционирање на фудбалската игра. Истите ќе бидат имлементирани на следниот Мундијал кој
Go toTop