Зеленски и европски лидери кај Трамп – Вашингтон нуди гаранции, Москва молчи, Киев одбива откажување од територии

August 18, 2025
1 min read

По средбата со Путин во петокот, Доналд Трамп ја промени сопствената објавена цел и крај на војната, почна да зборува за директен мировен договор.


-Претседателот на Украина може или да ја прекине војната со Русија веднаш, ако сака, или да продолжи да се бори… Без враќање на дадениот од Обама Крим и БЕЗ ВЛЕГУВАЊЕ НА УКРАИНА ВО НАТО, рече претседателот на САД, Доналд Трамп.

Во исто време неговиот специјален пратеник за Москва изјави дека во Алјаска Путин направил клучна отстапка.


-Се договоривме за цврсти безбедносни гаранции кои би ги опишал како пресудни. Не мислевме дека сме ни приближно до договор за заштита според Член 5 од САД, законско вградување во Руската Федерација за да не се напаѓа никаква друга територија кога мировниот договор ќе биде кодифициран, законско вградување во Руската Федерација за да не се напаѓаат други европски држави и да не се нарушува нивниот суверенитет. Така што се договоривме, и имаше уште многу повеќе, изјави Стив Уитков, специјален пратеник на Доналд Трамп за Русија.

Русија засега не потврдува дека е согласна со ова, а украинскиот претседател гаранциите ги нарече како историски и не ги коментираше повиците за откажување од територии.


-Мирот треба да е траен. Не како пред неколку години кога Украина беше принудена да се откаже од Крим и од дел од Донбас – и Путин ја искористи како отскочна даска за нов напад, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Од Европска страна кон Вашингтон патуваат лидерите на Велика Британија, Франција, Германија, Италија и Финска како и лидерите на Европската комисија и НАТО.

-Европа не сака да биде на масата за разговори, Европа треба да биде на масата за да дискутира за себе и својата иднина, изјави Емануел Макрон, претседател на Франција.

Во зависност од тоа како ќе помине денешната средба, американските колеги побарале од европските дипломати да бидат подготвени за трилатералната средба меѓу Доналд Трамп, Володимир Зеленски и Владимир Путин уште оваа недела.

Доколку нема промени во последен момент, сојузниците на САД и ЕУ се согласија состанокот да се одржи во Европа.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Силјановска-Давкова: Армијата по независноста стана гарант на мирот и безбедноста

Следно

Спенс доби нов договор од Тотенхем

Latest from Blog

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина

Хоџа: Продолжуваме со силни инвестиции во Арачиново

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, и градоначалникот на Арачиново, Даут Беќири, на денешната работна средба го потврдија напредокот на клучните инфраструктурни проекти во општината. Во моментов се активни
Go toTop