Зеленски ги посети војниците на првата линија на фронтот

February 19, 2024
1 min read

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети североисточниот сектор на првата линија на фронтот, каде што се сретна со војниците кои се борат против инвазијата на руските сили, соопшти неговиот кабинет.

Зеленски го посети командното место на бригадата која го брани Купјанск – град кој од средината на есента е цел на засилени руски напади, пренесува Ројтерс.

Градот беше ослободен од украинските сили во 2022 година по првичната окупација од страна на руските трупи, по инвазијата на 24 февруари истата година.

Киев вели дека Москва не се откажала од идејата да ја врати контролата врз Купјанск, кој е во близина на вториот по големина град во Украина, Харкив./RSE

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Алкалоид“ АД Скопје со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис

Следно

Одржан првиот координативен состанок за имплементација на новата Стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030 година

Latest from Blog

Хоџа: Продолжуваме со силни инвестиции во Арачиново

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, и градоначалникот на Арачиново, Даут Беќири, на денешната работна средба го потврдија напредокот на клучните инфраструктурни проекти во општината. Во моментов се активни

Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска за судија на Уставниот суд

Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска, судија на Апелацискиот суд, за судија на Уставниот суд. На денешната седница 10 члена на Судскиот совет гласаа „за“, еден беше против, а судијката Антоанета Димовска
Go toTop