Зеленски е подготвен да разговара со Путин во кој било формат, но има еден услов

December 29, 2025
1 min read

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во кој било формат, но дека за тоа е потребно „зборовите и делата“ на рускиот лидер да се совпаѓаат.

„Се чини малку чудно што Путин му кажува на американскиот претседател Доналд Трамп дека сака војната да заврши, а во исто време во медиумите вели дека е подготвен да ја продолжи војната. Тој испукува ракети кон нас, отворено зборува за тоа, се радува на уништувањето на цивилната инфраструктура и им наредува на генералите каде да одат и што да запленат“, рече Зеленски, пренесува „Униан“.

Според него, ваквите постапки на Путин не одговараат на наводно смирениот јазик што го користи во дијалогот со Трамп.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зошто патничките авиони се бели?

Следно

Суперкупот на Италија од следната сезона ќе функционира поинаку

Latest from Blog

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна

Коњановски: Нови современи тоалети за учениците во „Коле Канински“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска ја посети ОУ „Коле Канински“ каде што е предвидена целосна реконструкција на постоечките тоалети, кои со децении не биле обновувани. Со овој проект се обезбедуваат современи

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.
Go toTop