Зеленски: Девет лица загинаа во рускиот напад врз Тернопољ, 46 се повредени во нападот врз Харков

November 19, 2025
1 min read

Девет лица загинаа во руски напад врз украинскиот град Тернопољ, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот профил на Телеграм, додавајќи дека во нападот врз Харков биле повредени најмалку 46 луѓе, а дека во ноќта меѓу 18 и 19 ноември Русија лансирала повеќе од 470 борбени дронови и 48 ракети од различни типови врз територијата на Украина.


Според Зеленски, во Тернопољ биле погодени станбени згради и е можно под урнатините да има уште луѓе, пренесува „Укринформ“.

Масовен напад, според украинскиот јавен сервис „Суспилне“, бил извршен и врз Харков, каде што се повредени најмалку 46 лица. Русија, исто така, извела удари врз енергетската инфраструктура во Ивано-Франкивската област, каде што три лица биле повредени, меѓу кои и две деца. Во Лавовската област нападите биле насочени кон критичната инфраструктура и енергетскиот систем.


Повредено е едно лице и во Доњецката област, а удари имало и во Киевската, Николаевската, Черкаската, Черниговската и Днипропетровската област, додаде Зеленски.

„Секој напад врз секојдневниот живот покажува дека притисокот врз Русија не е доволен. Ефикасните санкции и помошта за Украина можат да го променат тоа. Приоритет се ракети за ПВО, дополнителни системи, зајакнување на борбената авијација и производство на дронови за заштита на животите“, истакна Зеленски.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Знакот што конечно ќе се подобри во 2026 година: Излегува од најтешкиот период во последните 30 години

Следно

Весли Снајдер: Јамал е новиот Меси за Барселона

Latest from Blog

ФИФА ќе ги скенира играчите на Светското првенство за да направи аватари за офсајд

ФИФА планира да креира 3Д аватари со вештачка интелигенција на секој играч на Светското првенство во 2026 година, со цел да ја подобри полуавтоматизираната технологија за офсајд на турнирот. Ова ќе значи

Жестоки руски напади: Украинците останаа без струја на минус 20

Руските напади во среда вечерта речиси целосно го прекинаа снабдувањето со електрична енергија во два региона во југоисточна Украина, соопшти Министерството за енергетика. „Регионите Дњепропетровск и Запорожје се речиси целосно без електрична

Градоначалникот Коњановски ги следи интервенциите по поплавите во Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој вечерва е на терен информира дека кај стариот „Прогрес“ на улиците „Крушевска“ со „Македонска фаланга“ водата е повлечена, а екипи на јавните претпријатија „Водовод“, „Комуналец“, „Нискоградба“
Go toTop