Завршија подготовките по повод Рамазан во најголемата џамија во Западна Африка

February 28, 2025
1 min read

ДАКАР (АА) – Завршија подготовките по повод Рамазан во џамијата Масаликул Џинаан во Дакар, главниот град на Сенегал, која е најголема џамија во Западна Африка, известува Анадолу.

Во џамијата што ја отвори тарикатот (религиозен поредок на суфизмот, концепт за мистичното учење и духовни практики) Муриди во 2019 година, пред Рамазан се исчистени теписите и подот, заменети се звучниците и контролиран е системот за осветлување.

Масаликул Џинаан, што на арапски значи патот до рајот, е најголема џамија во Западна Африка. Како и секоја година, таа ќе биде домаќин на програми за ифтар секој ден во текот на месецот Рамазан.

Илјадници луѓе ќе го прекинат постот истовремено на скромните ифтарски маси што се состојат од сендвичи, кафе, вода и урми. Старешините на тарикатот Муриди ќе приредат ифтарски оброк во џамијата и за муслиманските амбасадори што престојуваат во Дакар.

Џамијата за време на терави намаз во текот на Рамазан се очекува да ја посетуваат од 25.000 до 30.000 луѓе дневно.

– Џамијата Масаликул Џинаан

Џамијата Масаликул Џинаан беше отворена за верски обреди на 27 септември 2019 година, а привлекува внимание со позлатената купола што личи на карпа и со архитектурата и дворот што потсетуваат на Месџид ел-Небеви.

Џамијата, која го добила името по одата „Масаликул Џинаан“ (Патот до рајот) на шеикот Ахмаду Бамба, водач на тарикатот Муриди, државата ја изградила за седум години на површина од 6 хектари во областа Колобане.

Масаликул Џинаан се смета за најголема џамија во Западна Африка. Зградата може да прими вкупно 30.000 луѓе, од кои 10.000 се молат во внатрешниот позлатен дел и 20.000 во дворот поплочен со мермер.

Џамијата го има највисокото минаре во Сенегал, високо 78 метри, а на врвот е поставен часовник. Џамијата има пет минариња, девет куполи, од кои едната личи на карпата во Ерусалим и четири месџиди (место за богослужба).



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВО ЖИВО: Прес-конференција на министерката за финансии, Димитриеска Кочоска

Следно

Три лица од тетовско приведени за организирање борба со кучиња

Latest from Blog

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете

Проданоски: Љубиша Јованоски ја презема директорската функција во „Комуналец“ – Прилеп

На чело на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп е именуван нов директор. Станува збор за Љубиша Јованоски, дипломиран економист, кој ја презема функцијата со јасна определба за воведување позитивни промени, зголемување

По една деценија, Прилепскиот дувачки оркестар повторно ја креира музичката сцена

По десет години пауза, повторно започна со работа еден од најпрепознатливите музички симболи на градот – Прилепскиот дувачки оркестар. Возобновувањето на оркестарот се реализира со почетна логистичка и финансиска поддршка од Општина

Плусинфо: Дивите реновирања во последната година главна причина за трагедијата во Кочани

Трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ секојдневно се разоткрива пред очите на јавноста, како комплексен мозаик од технички хаос и човечко страдање, каде секое ново рочиште дополнително ја зацврстува тезата дека вистинските причини
Go toTop