Заврши хуманитарната пауза во Газа: Израелската војска продолжи со бомбардирањето

December 1, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Израелски воени авиони бомбардираа различни точки во Појасот Газа, јавува Анадолу.

„Воени авиони бомбардираат позиции на Хамас во Појасот Газа“, соопшти израелската војска.

Како што јави новинарот на Анадолу од Газа, израелските воени авиони повторно започнале со воздушни напади на различни точки во Газа.

Покрај тоа, продолжија и судирите меѓу израелските сили и палестинските групи во северниот и централниот дел на Газа.

Министерството за внатрешни работи во Газа наведе дека израелски воени возила отвориле оган во северниот дел на Газа.

Утрово заврши „хуманитарната пауза“, која во рамките на договорот помеѓу Израел и Хамас стапи на сила во петокот на 24 ноември.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Велика Британија е подготвена да помогне во изградбата на нов клинички центар во Скопје

Следно

Пендаровски на Конференција на Обединетите нации за климатски промени – COP28, во Обединетите Арапски Емирати

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop