Затворени се 5 приватни научни институти, надзорите продолжуваат, заканите ќе се пријават

December 26, 2024
1 min read

Затворени се 5 приватни научни институти, а кај 15-тина се утврдени неправилности кои имаат обврска да ги отстранат во соодветен рок. Ова е исходот од досега спроведените надзори на комисијата во Министерството за образование и наука формирана за оваа намена, за што, вечерва информираше министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.

„Дел од институтите се затворени заради неактивност, а дел бидејќи не ги исполнуваа законските услови за работа. Онаму каде констатиравме неправилности, даден е рок истите да ги отстранат за три месеци. Но, мислам дека бројот на затворени научни институти ќе биде поголем“, рече Јаневска, додавајќи дека само два института целосно ги исполнувале условите за работа.

Министерката информираше дека некои образовни установи не сакале да соработуваат при надзорите, а дел од нив, дури и упатувале закани кон вработените во министерството.

„Сé што правиме е за подобро образование, ниту една активност нема политичка заднина. Ова е прво предупредување да престанат со закани, а следно ќе биде да пријавиме и да постапат други надлежни институции по тој основ“, додаде министерката.

Осврнувајќи се на придобивките кои ќе ги обезбеди предложената нова законска регулатива во образованието, Јаневска рече наскоро по усвојувањето на неколку законски решенија во Собранието, ќе следи кадровско зајакнување на дел од институциите, меѓу кои и Државниот просветен инспекторат и Бирото за развој на образованието.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Животот на палестинските деца во Газа

Следно

Од денеска уверение за државјанство ќе се вади во секое време преку uslugi.gov.mk

Latest from Blog

Започнува чистењето на Скопје, Меџити: Ова е почеток на едно ново поглавје за Скопје

По неколку тешки недели, кога Скопје беше преплавено со отпад поради блокади и негрижа, градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, заедно со премиерот Христјан Мицкоски и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва излегоа
Go toTop