Затворен уште еден институт со одлука на МОН, министерката Јаневска вели ќе има уште неколку

February 24, 2025
1 min read

Има комисија и правници кои ќе ја донесат конечната одлука, но уште неколку сигурно ќе бидат, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска на прашањето дали се очекува затворање на нова високообразовна установа поради нерегуларности и доколку тие не бидат исправени по дадениот тримесечен рок.

Во изјава за ТВ Алсат министерката вчера соопшти дека со одлука на Министерството за образование и наука затворен е Институтот за биометриски истражувања од Скопје, кој е осма по ред затворена научно-образовна институција.

-За жал, законот не е доизречен и ние во моментот правиме ново законско решение каде што ќе се предвидат сите пропусти кои постоеле досега во законот. Во овој момент, тргнавме да ги средиме работите, да не се прави некаква дополнителна штета, а кога ќе го завршиме тоа и со новите законски решенија ќе постапуваме така како што треба, рече денеска Јаневска одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Која земја најмногу инвестирала во одбраната во изминатите 10 години? Македонија е меѓу водечките

Следно

ЕУ го усвои 16. пакет санкции кон Русија на третата годишнина од војната во Украина

Latest from Blog

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните

Мерката и бројките што ги промовира Владата не се ништо друго освен фрлање песок во очите на граѓаните, нагласи заменичката претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во вечерашните вести на МРТ. Каранфилова

Покетино:„Ми недостига Англија и фудбалот во Премиерлигата!“

ФОТО:.facebook.com/officialussoccer Во последните денови,селекторот на САД, Маурицио Покетино, беше поврзуван со менаџерски позиции во Тотенхем и Манчестер Јунајтед. Тој призна дека му недостига фудбалот во Премиер лигата. Аргентинецот досега раководел со три
Go toTop