Засилени сообраќајни контроли: Вчера санкционирани 773 возачи, 73 возеле без возачка дозвола

February 25, 2025
1 min read

Продолжувајќи со несмалената динамика на сообраќајни контроли низ патиштата во земјава, вчера (24.02.) полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, преземаjќи плански мерки, а согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, на ниво на цела држава издадоа вкупно 773 платни налози по основ на прекршоци сторени според одредбите од овие закони. Притоа, во рамки на контролите, согласно статистичките трендови, најголем дел од прекршоците се однесуваат за возење со брзина поголема од дозволената 175, како и непрописното паркирање 252. Додека пак, веднаш зад нив следат прекршоците за возење без возачка дозвола 73, потоа некористење на сигурносен појас 48, како и 34 прекршоци за користење на мобилен телефон при возење.

Инаку вчера, во шест случаи детектирани се возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, петмина минале на црвено светло, а евидентирани се и осум прекршоци на пешаци. Согласно, пак, Законот за возила биле евидентирани шест технички неисправни, како и 17 нерегистрирани возила. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените мерки и активности во поглед на сообраќајната безбедност, а континуирано се реализираат и превентивни активности низ сите сектори за внатрешни работи во насока на укажувања и апелирања до сите учесници во сообраќајот за целосно почитување на сообраќајните правила и прописи.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Фанфари за еден пријател“ со виртуозната Селина От од Австрија

Следно

Средба на Муртезани со данската амбасадорка Кардел

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните

Мерката и бројките што ги промовира Владата не се ништо друго освен фрлање песок во очите на граѓаните, нагласи заменичката претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во вечерашните вести на МРТ. Каранфилова
Go toTop