Засилени безбедносни мерки пред погребот на Навални

March 1, 2024
2 mins read

Погребот на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални треба да се одржи денеска (1 март) на московските гробишта каде што е засилено обезбедувањето, како обид на властите да ги обесхрабрат луѓето да присуствуваат на погребот на долгогодишниот критичар на Кремљ.

Портпаролката на Навални, Кира Џармиш, за мрежата X соопшти дека церемонијата треба да започне во 14:00 часот по локално време (12:00 часот по средноевропско време) во Црквата на иконата на Мајката Богородица во московскиот кварт Марино, каде некогаш живеел Навални.

Во близина на гробиштата Борисовско и блиската метро станица дежураат полициски патроли. На улични столбови околу периметарот се поставени надзорни камери, а подготвени се и метални огради, јавува рускиот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ), повикувајќи се на RusNews.

Полицијата во четвртокот дозволувала влез на гробиштата откако ги проверила личните документи и поставила прашања за целта на посетата, објави телеграмскиот канал „Можеме да објасниме“.

Полицијата вршела претрес и на лични предмети со образложение дека се потребни безбедносни мерки.

Полицајци се распоредуваат во близина на црквата кај гробиштата каде што ќе биде погребан Навални

Полицајци се распоредуваат во близина на црквата кај гробиштата каде што ќе биде погребан Навални

„И покрај сето противењето, збогувањето со Алексеј дефинитивно ќе биде утре“, наведе Кира Џармиш на мрежата Х во четвртокот.

„Погребна служба во 14 часот, погреб во 16 часот. Доколку сте во Москва, дојдете“, информира Јармиш.

Таа додаде дека погребот ќе се пренесува во живо на Јутјуб.

Претходните денови стотици граѓани ширум Русија беа уапсени само затоа што положија цвеќе на импровизирани споменици на Навални.

Иван Павлов, истакнат руски адвокат за граѓански права кој ја напушти земјата, рече дека руските власти ќе го сметаат погребот како „непожелен масовен настан“ и ќе се обидат да спречат голем број луѓе да присуствуваат.

„Сигурен сум дека ќе има полициски кордони и видео надзор од сите страни. Како превентивни мерки ќе поканат познати активисти во полициски станици или ќе ги посетат во нивните домови за да ги предупредат. Го видовме тоа и порано“, рече адвокатот.

Навални почина на 16 февруари по долгогодишно заробеништво во кое помина повеќе од 300 дена во самица. Нему му беше одбиена медицинска помош, се пожали дека е подложен на лишување од сон и многу повеќе. Руските судови отфрлија повеќе од 40-те жалби што тој ги поднел за наводна злоупотреба.

Во четвртокот, Европскиот Парламент усвои резолуција со која се обвинуваат руската држава и претседателот Владимир Путин за смртта на Навални.

„Европскиот Парламент остро го осуди убиството на Алексеј Навални и ја изразува својата целосна поддршка на Јулија Навални, која е решена да ја продолжи работата што Алексеј Навални ја започна со нејзина поддршка“, соопшти Европскиот Парламент.

Во резолуцијата се наведува дека политичкиот систем на Русија е под контрола на авторитарен режим „кој работи во средина на широко распространета корупција, користи наместени избори за да даде изглед на демократија и ја концентрира целата моќ во рацете на Владимир Путин“.

„Алексеј Навални ја отелотвори борбата за слобода и демократија со својот сон за „убава идна Русија“, рекоа пратениците во Европскиот Парламент и ги повикаа сите членки на ЕУ да продолжат да покажуваат непоколеблива солидарност и активна поддршка кога станува збор за независна Русија, граѓанското општество и демократската опозиција.

Извор: slobodnaevropa.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Единствен пазар на труд во Македонија, Србија и Албанија

Следно

Од денес забранет извозот на бензин од Русија во следните шест месеци

Latest from Blog

Биографот на поранешниот принц Ендру открива што ќе прави до крајот на животот: „Го уништи семејството“

Новата книга на Ендру Лауни, „Entitled: The Rise and Fall of the House of York“ (Привилегирани: подемот и падот на куќата Јорк), ги открива деталите за случајот Џефри Епштајн / Вирџинија Џуфре.

Тајната за Лајка била чувана со децении, но никој не очекувал ваква вистина

На денешен ден, пред 68 години, на 3 ноември 1957 година, првото живо суштество било испратено во вселената. Тоа била Лајка, тригодишно улично куче. „Деветте кругови околу Земјата ја направиле Лајка првиот

Калас во Сараево: Ќе спречиме каков било безбедносен вакуум, нема да дозволиме историјата да се повтори

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денеска во Сараево потврди дека ЕУ останува посветена на зачувување на мирот и стабилноста во Босна и Херцеговина и

Ван Дајк му одговори на Руни

ФОТО: Liverpool FC/FB Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, му одговори на легендата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, кој неодамна изрази мислење дека имаат проблем со лидерството и дека лошата форма во
Go toTop