Засега нема кривична одговорност за сопствениците на барот во Кран-Монтана

January 2, 2026
1 min read

Двајцата француски сопственици на барот во Кран-Монтана, во кој избувна смртоносниот пожар на новогодишната ноќ, се испрашани од истражителите, изјави обвинителката на кантонот Вале, Беатрис Пилу.

– Сè укажува на тоа дека пожарот почнал од запалени прскалки на шишиња шампањ кои биле премногу блиску до таванот. Брзо се запалил, а потоа пламенот се проширил многу брзо низ целиот објект, рече Пилу.


Според обвинителката, истражителите се повеќе склони да веруваат дека причина за пожарот биле прскалки од типот што се ставаат на роденденските торти и се продаваат во секоја продавница, но засега ништо не може да се каже со сигурност.

Сè уште не е утврдено кој сноси кривична одговорност за трагедијата во барот, додаде обвинителката и изјави дека не може да каже кога е извршена последната пожарна инспекција таму.


Таа на прес-конференција изјави дека лицата кои биле повикани да дадат информации не биле сослушани како мерка на претпазливост, пренесува Скај њуз.

– Доколку постои ризик од бегство, може да преземеме потребни мерки, но засега не е утврдена кривична одговорност, рече таа.


Сопствениците на барот се брачен пар од Корзика, кои имаат неколку ресторани во тој дел од Швајцарија.

Истрагата се фокусира и на тоа дали звучната изолација на таванот на барот можеби играла улога во ширењето на пламенот. Во исто време, полицијата во Кран-Монтана соопшти дека досега немало пријави за какви било безбедносни нерегуларности во барот.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Воведовме 21 нова дестинација од аеродромите, забележавме рекордни 3,5 милиони патници

Следно

Левандовски имал таен состанок со својот нов клуб, Лапорта тоа го знае

Latest from Blog

Димитриеска – Кочоска најавува поддршка за инвестиции со висока додадена вредност

Министерката за финансии, Годана Димитриеска – Кочоска, истакна дека државната помош мора да биде внимателно дизајнирана и насочена кон создавање реална економска вредност, наместо да претставува товар за јавните финансии. „Државната помош

РСС одбележа 18 години: Од градење соработка кон стратешка регионална акција

Совет за регионална соработка (РСС) го одбележа 18-годишнината од своето основање со прием во Сараево, нагласувајќи го преминот од градење соработка кон спроведување стратешки регионални активности во сè понеизвесна меѓународна средина. На

Коњановски: Над 18 милиони денари за подобри услови во зоолошката градина во Битола

Битолската Зоолошка градина денеска организираше презентација на Националната Стратегија за Зоолошки градини. Експрети, претставници од релевантни институции, градоначалникот на Битола, претседателот на Советот, советници и други гости беа дел од оваа презентација
Go toTop