Започнаа тридневните претседателски избори во Русија

March 15, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Руските гласачи ова утро излегоа на гласачките места, на првите тридневни претседателски избори во историјата на земјата, на кои актуелниот претседател Владимир Путин се бори за својот петти мандат, јавува Анадолу.

Гласањето прво почна во регионите Камчатка и Чукотка, кои се наоѓаат во најисточните делови на Русија.

Изборите во Русија, која има 11 временски зони, ќе траат до недела вечер, кога во 20 часот по локално време ќе бидат затворени последните гласачки места во Калињинград на Балтичкото Море, во руската енклава меѓу Полска и Литванија.

Право на глас имаат 112,3 милиони граѓани, но во таа бројка се вклучени и 4,5 милиони луѓе во окупираните делови на украинските региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон.

Покрај тоа, право на глас имаат и 2 милиона Руси кои живеат во странство.

Покрај актуелниот претседател Владимир Путин, на изборите учествуваат и претседателот на Либерално-демократската партија на Русија, Леонид Слуцки, кандидатот на Комунистичката партија, Николај Харитонов и кандидатот на партијата Нови луѓе, Владислав Даванков.

Новоизбраниот претседател ќе остане на функција шест години.

Доколку Путин повторно победи на изборите, тоа ќе биде негов петти мандат на функцијата претседател на Русија.

Изборите во Русија се одржуваат во сенка на руско-украинската војна што започна во февруари 2022 година.

Резултатите од претседателските избори би требало да бидат објавени најдоцна до 28 март.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русите гласаат на избори чиј исход е однапред познат

Следно

Претседателските избори во Русија ќе траат три дена

Latest from Blog

Судење за „Пулс“: Општината алармирала за несоодветна намена на објектот

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, сведокот Драги Илиевски изјави дека Општина Кочани реагирала за намената на објектот и побарала да се спречи негово користење како дискотека. Тој појасни дека објектот се

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина
Go toTop