Запленети цигари, фалсификувана стока, дрон, регистарска табличка и документи за камп-приколка

June 24, 2025
1 min read

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари, фалсификувана стока, дрон, регистарска табличка и документи за камп-приколка.

Во два одделни случаи на граничните премини Богородица и Дојран запленети се 22 штеки цигари без акцизни маркички.

Во првиот случај запленети се 12 штеки цигари при контрола на камион-цистерна кој се пријавил за влез во државава на граничниот премин Богородица. Цигарите биле пронајдени во две ќеси сместени на горниот дел од цистерната во просторот околу отворот за полнење. Вредноста на цигарите изнесува 16.200 денари, а избегнати се давачки во износ од 27.195 денари.

Во вториот случај, на граничниот премин Дојран на влез во државава запленети се 10 штеки цигари при контрола на камион. Цигарите се пронајдени при преглед во кабината на камионот во најлонска ќеса. Вредноста на цигарите изнесува 6.480 денари, а избегнати се давачки во износ од 15.896 денари.

Мобилни тимови на влез во држвава на граничниот премин Блаце спречија обид за шверц на дрон марка MAVIC 2 ENTERPRICE со батерии, полнач и контролер со проценета вредност од 159.660 денари.

Во два случаи од страна на мобилните тимови запленети се разни прозиводи со ознаки на заштитени трговски марки.

Во првиот случај запленети се 15 детски електрични автомобили со ознаки на заштитени трговски марки кои се задржани поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост.

Во вториот случај запленети се 1.190 тетратки, 70 детски шатори и 1.390 играчки со ознаки на заштитени трговски марки, исто така задржани поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост.

При контрола на автомобил на граничниот премин Табановце на влез во држвава од страна на мобилните тимови, пронајдена е британска регистарска табличка  и сообраќајна дозвола за камп приколка. Непријавените предмети биле пронајдени под патосницата зад совозачкото седиште и во задниот џеб на совозачкото седиште.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ќе помине ли извештајот на Вајц за Македонија во ЕП? Бугарија со став дека немал меѓународно правнообврзувачка природа

Следно

Прекинот на огнот стапи на сила откако Иран истрела неколку ракети кон Израел

Latest from Blog

Проданоски: Со 6.000 нови дабови садници ја зајакнуваме зелената иднина на Прилеп

Во рамки на проектот за пошумување на споменикот на природата „Маркови Кули“, денеска беа засадени 6.000 садници на даб на локалитетот над новите градски гробишта на патот кон Трескавец. Акцијата, која се

Николоски: Коридор 8 се гради со засилена динамика

Инфраструктурните проекти на паневропските коридори се клучни за економската иднина на земјата, а нивната реализација ќе спречи Македонија да остане изолирана од главните транспортни текови, оцени вицепремиерот и министер за транспорт, Александар

Проданоски: Поддршката за лицата со Даунов синдром е наша заедничка обврска

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати порака за поддршка до сите лица кои живеат со Даунов синдром, нагласувајќи дека секој човек носи своја вредност, своја приказна и има свое место во заедницата.

Абас Арагчи: Иран е подготвен да сослуша и да разгледа иницијативи за крај на војната

Арагчи за јапонската новинска агенција Кјодо изјави дека Иран е „подготвен да ги сослуша и разгледа таквите предлози“, пренесе Би-Би-Си. Иако некои земји бараат решение за конфликтот на Блискиот Исток, иранскиот министер
Go toTop