„Запалено глувче и напалени скакулци“: Изјава на Михаилов за ширење пожари предизвика жестоки реакции

August 4, 2025
1 min read

Во екот на летните пожари кои зафатија делови од земјата, несекојдневна изјава на заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кирил Михаилов, предизвика лавина реакции и дебати на социјалните мрежи и меѓу експертите. Гостувајќи во вестите на Сител, Михаилов изнесе тврдења дека пожарите понекогаш се шират преку запалени животни и дури и потенцијално преку вештачки инсекти.

– Јас во текот на овие шест месеци видов сешто од глувче запалено кое ние пренесе пожар до лисица со запалена опашка во велешко ни направи страшна работа. Така да скакулците би сакал да ги продискутираме. Во текот на таа изјава која што беше дадена од нашите вработени ми се јавија неколку професори коишто ми кажаа дека постоја такви вештачки бубачки кои навистина може да пренесуваат пожари. Можеби треба да се направи добра анализа – изјави Михаилов, додавајќи дека 90 отсто од пожарите се предизвикани од човечки фактор.

Изјавата наиде на сериозен отпор од стручната јавност. Биологот и еколошки активист Кирил Арсовски – Пржо реагираше преку својот Фејсбук профил.

„Напалени скакулци и попалени опашки … Веројатноста дека инсекти или запалени животни ги шират пожарите во МК е неверојатно мала, до непостоечка.“

Во поширокото објаснување, Пржо појаснува дека:

  • Инсектите можат индиректно да придонесат за услови што го олеснуваат ширењето на пожари, особено кога предизвикуваат морталитет кај дрвјата и создаваат сува биомаса;
  • Спомнува и дека „постои некоја далечна, теоретска можност јато на инсекти да се запали, па саѓи да се пренесат преку ветер и да предизвикаат пожар, но тоа веќе навлегува во сериозна фантастика“;
  • Наведува и еден недокажан случај од САД од 2000 година, каде се претпоставувало дека штурец предизвикал шумски пожар;
  • Потсетува дека вакви сценарија се дел од урбани митови, а не од научно потврдени појави;
  • „Ниту една референтна организација која се занимава со шумски пожари (US Forest Service, Cal Fire, European Forest Fire Information System) не ги наведува инсектите како вектор на пожари.“

Заклучокот на Пржо е дециден:
„Не, запалени инсекти (па и други животни) не може да предизвикаат ширење на пожар. Овој концепт е биолошки и физички невозможен во реални услови. За изјавата за вештачки инсекти – немам коментар, срамота е.“

Изјавата на Михаилов отвори широка полемика, а јавноста сè почесто бара посериозни анализи и одговорности за изнесените тврдења, особено кога станува збор за една од најчувствителните теми – заштитата од шумски пожари.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Меџити: Луѓето бараат искреност, а не празни ветувања

Следно

Невреме со дожд, град и ветер во Скопје и во неколку други градови

Latest from Blog

Љубовта бара повеќе трпение за Стрелецот, а Бикот да ја цени својата стабилност

Овен Денес ќе почувствувате нов бран мотивација. Иако имате повеќе обврски од вообичаено, ќе се снајдете со енергија и острoумност. Во љубовта, не го потиснувајте она што навистина го чувствувате – искреноста

Кошта и Кос го подржаа потпишувањето на Договорот за Коридорот 8 помеѓу Македонија и Бугарија

Европската Унија го поздрави потпишувањето на Договорот за подготовка, изградба и оперативност на меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8 меѓу Македонија и Бугарија. На „Х“ мрежата, претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта

Ѓорѓиевски на конститутивната седница: „Скопје е срцето на државата – должни сме да го вратиме сјајот“

На конститутивната седница на Советот на Град Скопје, новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски упати порака за единство, одговорност и приоритети ориентирани кон граѓаните. Тој истакна дека новиот состав на Советот има историска улога

Милојевиќ: Сакате оставка? Еве ви ја давам – ја навредуваа мојата фамилија!

ФОТО:FK Crvena Zvezda/FB Црвена звезда конечно ја запиша првата победа оваа сезона во европските натпреварувања — минимални 1:0 против Лил. Но, и покрај убавиот повод, прес-конференцијата на Владо Милојевиќ мина во тензична
Go toTop