Западот влегува премногу длабоко во Украина

January 31, 2023
3 mins read

Свежите и драматични ветувања од Европа и САД за Украина започнаа нова опасна ера во глобалната политика. Опасностите од ова треба да бидат брзо признаени, без себе-залажување или еуфемизми.

И покрај тоа што мина една година под тешки економски санкции, па дури и потешки проблеми на военото поле, Русија не е ништо поподготвена да разговара за крајот на војната. Наместо тоа, таа одговори со мобилизирање на дополнителни сили и разрушување на цивилната инфраструктура. Рускиот претседател Владимир Путин веројатно само дополнително и побрутално ќе ја ескалира војната, како одговор на западната одлука да испрати тешки тенкови во Украина.

Во меѓувреме нема знаци дека значителен број Руси станаа погневни и поразочарани од својот лидер. Малкумина изгледа како да се спротивставуваат на неговите многу разгласени обвиненија дека морално декадентниот Запад се групира против нивната држава.

Нема докази ни дека владите и луѓето од глобалниот југ кои најмногу страдаат од економските последици на војната, се одлучно свртени против Путин, или дека најголемиот дел од светската популација го смета рускиот напад на Украина квалитативно поразличен од американската инвазија на Ирак. Во Индија, наводниот сојузник на Западот, неодамнешна анкета покажа дека повеќе анкетирани го обвиниле НАТО или САД отколку Русија за војната во Украина.

Не е ни толку очигледно, во недостаток на јавна дебата, дека најголемиот дел од луѓето во западните нации даваат поддршка за продлабочување на нивната конфронтација со Русија. Всушност, нивното мислење речиси никој и да не го бара. Германското население кое е длабоко поделено околу прашањето за испраќање Леопард 2 тенкови во Украина барем имаше долга внатрешна дискусија. Владите на САД и Британија едвај ги информираа своите граѓани пред да се обврзат на испраќање уште понапредно оружје во војната.

Западните влади денес имаат бенефит од широкиот и главно непреиспитуван консензус меѓу тинк-тенковите и менстрим публикациите: поразот на Русија, ако не и директна капитулација, е клучен за осигурување на територијалниот интегритет и иднина на Украина како суверена нација. Ова може е точно. Меѓутоа секое наше уверување дека нашите политички и медиумски елити правилно претпоставуваат и мудро делуваат не може комфорно да седи со нашите сеќавања од нивните постигнувања во последниве години.

Сите големи држави во Западната алијанса се соучесници во воени фијаска кои разрушија цели региони на Азија, Блискиот Исток и Африка. Политичките лидери со марш влегоа во лесно предвидливи катастрофи заедно со придружен хор од медиуми, од Фокс до Економист, кои ги удавија или намерно ги делегитимизираа сите гласови кои не се согласуваа со нив.

Има добра причина да се биде загрижен кога, се уште неказнети за нивните катастрофални постапки, многумина од западниот интелектуално-индустриски комплекс повторно навиваа за воена интервенција, овој пат против фанатичен лидер на држава со нуклеарен арсенал.

Уште полошо, остатокот од нас изгледаа како да не се доволно вознемирени од овој спектакл на елитите склони на груби грешки кои повторно носат историски и географски одлуки без адекватен демократски надзор. Во државите во кои изминативе години се случија политички земјотреси, линиите на поделба меѓу владејачите и владеените може повторно лесно да се прошират. Како што Доналд Трамп вешто демонстрираше, демагозите се секогаш подготвени да го искористат незадоволството од бескрајни, скапи и непобедливи војни.

Иднината на Украина како демократија станува се поматна кога ќе ја земеш предвид неодамнешната судбина на државите преплавени со оружје и долари. Како една од најкорумпираните држави пред војната, Украина изгледа како уште повеќе да се оддалечи од можноста за создавање чесна и одговорна елита. Во евентуалното пресметување на финансиската и морална злоупотреба за време на војната, неодамнешниот скандал во кој беа опфатени функционери блиски на Зеленски сигурно ќе се покаже како минорен.

Има премногу знаци дека потрагата по сојузници во она што во пракса сега е војна на Западот против Русија влијае на политичкиот и морален суд. Затоа, Индија често пати е претставена во Западот како контратежа на кинеските и руски автократи, и покрај тоа што супремацистичка Хинду влада го интензивира својот напад врз демократијата а државата ги зголемува нарачките на руска нафта. Преовладува бизарна заборавеност околу двете светски војни додека, со масовни аплаузи на Западот, Германија повторно се вооружува и испраќа тешка воена опрема на своите стари полиња на смртта.

Меѓу едноставните историски лекции што се забораваат е дека владите насекаде се склони кон поголема невнимателност кога воената ескалација изгледа како единствен пат кон мирот. Лидерите на Јапонија, уште еден воен терор од 20-от век, на драматично ниво повторно ја вооружуваат својата држава дури и по цена да го зголемат нивниот извонредно голем фискален дефицит.

Јапонската влада нема дадено детално разглобување на ризиците поврзани со оваа милитаризација (од Кина и Русија, две држави со кои таа водела војни) а не пак да објасни како држава со така акутен недостаток на млади луѓе ќе ги наполни редовите на поголема и пософистицирана војска.

Вакви знаци на неодговорност се идентично очигледни и меѓу Западниот политички естаблишмент, кој се обидува да го прошири влијанието на своите војски и во странство додека истовремено дома се борат против економска криза. Тие се најочигледното предупредување дека пред нас е подлабок и поопсежен пожар.

Панкаџ Мишра,
Блумберг

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Белград го објави Извештајот за преговарачкиот процес со Приштина од 1 септември минатата до 15 јануари оваа година

Следно

С Македонија и Бугарија ќе направат сѐ за да не се наруши односот меѓу двете земји, порача Спасовски

Latest from Blog

ФИЛХАРМОНИЈАТА СЛАВИ 80 ГОДИНИ СО ПРЕМИЕРА НА ДЕЛО ОД АНА ПАНДЕВСКА, СИМОН ТРПЧЕСКИ ЌЕ СВИРИ ДЕЛО ОД ГРИГ

„80 години – Љубов!“ е насловен славеничкиот коцерт на Филхармонијата, кој ќе се одржи на 28 ноември (20 часот) во чест на 80 години од основањето. На програмата е светска премиера на

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие

Министерот за здравство, Арбен Таравари посочи дека има сознанија оти функционери на ДУИ се повикуваат во надлежните обвинителства. Тој не спомена конкретни имиња. – Колку што имам информации, процедурите течат, некои функционери

Мицкоски: Инвестираме низ целата територија на Македонија, започна изградба на детска градинка во Кисела Вода

Сите овие проекти се прават за најмладите, за оние на кои што им е потребно да своите најрани години ги поминуваат во објекти, каков што ќе биде овој за отприлика според рокот,

Мицкоски разочаран од новото раководство на СДСМ

Премиерот Христијан Мицкоски не е импресиониран од новото раководство на опозициската СДСМ и смета дека нема да бидат конструктивна опозиција. – Ние не може да кажеме какво раководство треба да има СДСМ,
Go toTop