Западот е премногу декадентен да си помогне себе си, а не па на Украина

April 9, 2024
2 mins read

Артилериските гранати што и требаат на Украина по цена не се ни приближно до високо технолошките системи и опрема (пример Абрамс и Патриот)  што Западот и посебно САД и ги испрати на земјата. Меѓутоа на денешен ден проблем е нивното производство, кое западните држави со децении го запоставуваат за сметка на помодерните и поскапи оружја.

Моменталниот производствен капацитет на САД, најголемиот воено-индустриски комплекс во светот, е околу 28.000 155-милиметарски гранати месечно со 24-часовно производство. Оваа количина Украина ја троши за неполни 3 дена.

Милионите гранати што Украина до сега ги потроши главно доаѓаат од воените резерви на војските низ целиот свет, меѓутоа како што проценува колумнистот на британски Телеграф, рафтовите се речиси празни.

Добрата вест за Украина и Западот е што откако ја увидоа грешката, западните сојузници почнаа да градат фабрики за производство на артилериски гранати, и во до крајот на годинава или почетокот на следната, САД ќе почне да произведува по 70 до 80 илјади гранати месечно.

Проблем со овој план е што Украина е на пат да остане без луѓе за војување додека да дојдат посакуваните количини муниција.

Првиот човек на британската авијација пред некое време изјави „ние не сакаме ваков тип на војна“ зборувајќи за војната на трошење и педа за педа освојување која се случува на украинскиот фронт. За споредба, во втората Заливска војна британската армија во целото војување со ирачката армија испука вкупно 9.000 гранати.

„На еден начин или други, кратко откако ќе завршат борбите во Украина, руската армија – дури и осакатена – ќе закрепне и одново ќе се вооружи. Ќе биде многу поголема отколку што беше во 2022, поддржана од новата руска воена економија на Владимир Путин и исчеличена во битка,“ пишува Луис Пејџ во текстот за Телеграф.

Тој и понатаму смета дека каков било судир на Русија со НАТО е сулуд, па макар и Америка да излезе од алијансата, бидејќи на пример руската економија е помала и од италијанската.

Од друга страна Русија троши 6% од својот БДП на одбрана, а Италија 1,7%.

„Меѓутоа храброста е поважна од бројките. Западот лесно можеше да ја снабди Украина со оружје кое ќе ги протера Русите од Крим, ама не го направивме тоа затоа што немаме храброст.

Дали Путин навистина верува дека ќе се соочи со сериозен отпор доколку удри на Сувалки преминот и го отсече Балтикот како почеток на негово освојување?“ прашува Пејџ.

Тој го критикува западното трошење на одбрана како недоволно и неразумно ниско. Наспроти 6-те проценти на Русија, Британија допрва треба да го зголеми трошењето на 2,5% (за време на Студената војна е 4 до 5), а дури и Естонија на самата граница со Русија годинава допрва треба да стигне до 3%.

„Во демократиите на Западна Европа ние сме толку зависни од нашите пренадуени социјални држави што едвај можеме да најдеме пенија за одбрана.

Британија во 2023-24 ќе потроши само 32 милијарди долари на одбрана, а вкупно на сè владата ќе потроши речиси неверојатни 1.189 милијарди.

Никој не се осудува да предложи 3% кратење од буџетите на другите сектори за да се дуплира одбранбениот буџет. А сепак на секого му е јасно дека за сите пензионери, инвалиди, невработени и болни ќе биде подобро да имаат 97 проценти од што и да имаат сега, дадено од нивната влада, отколку уништувањето и рушевините и ништо од тоа како новоосвоени жители на непријателска моќ…

… Како што ни покажува ситуацијата со 155-милиметарските гранати, премногу е доцна да почнеш со подготовки кога војната веќе почнала. Треба да развиеме малку храброст и да престанеме да претпоставуваме дека е работа на Владата да дава социјална помош и добро платени работни места.

Работа на Владата е, пред и над се, да се погрижи за националната одбрана,“ порачува Пејџ.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Земон: Предизборна кампања, каков претседател и влада ќе добиеме?

Следно

РК Вардар од следната сезона ќе носи опрема на Кемпа

Latest from Blog

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар

„Илинден“-Тирана 17 години глас на Македонците во Република Албанија

На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат 17 години од неговото постоење и работа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана,
Go toTop