Западен Брег: Досега 124 Палестинци загинаа од истрели на израелската војска

October 31, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Уште двајца Палестинци загинаа од истрели на израелската војска на Западниот Брег, со што бројот на загинати на окупираната територија од почетокот на актуелниот конфликт се зголеми на 124, соопшти денес Министерството за здравство, јавува Анадолу.

Во соопштението на Министерството се вели дека 14-годишно момче им подлегнало на повредите со кои се здобило од израелските истрели во градот Наблус еден ден претходно.

Еден постар Палестинец, исто така, загина истрели на израелската војска во Тубас, на североисточниот дел на Западен Брег, соопшти Министерството.

Зголемени се тензиите во Западниот Брег во време на интензивно израелско бомбардирање на блокираниот Појас Газа.

Според палестинските податоци, најмалку 124 Палестинци се убиени, а 1.680 се приведени на Западниот Брег од страна на израелската армија од 7 октомври.

Израелската војска ги прошири своите воздушни и копнени напади врз Појасот Газа, кој е под немилосрдно бомбардирање по ненадејниот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври.

Во конфликтот загинаа повеќе од 9.800 луѓе, меѓу кои 8.306 Палестинци и повеќе од 1.538 Израелци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Предлог законот за амнестија во четврток на собраниска седница, за судската власт со законот се врши упад во судството

Следно

Клисарова: Најсериозен проблем со кој се соочуваме на Клиниката за онкологија се ограничените ресурси, а бројот на пациенти се зголемува

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop